Македонските политичари не го отворија ниту Уставот, ниту вратата на евроинтеграциите во 2023 година

Порталб.мк ги пренесува најважните настани поврзани со евроинтеграциите на земјава во текот на 2023 година

-

Изминатата 2023 година не може да се смета за една многу успешна година, затоа што уставните измени требаше да завршат до крајот на годината и со ова Северна Македонија официјално да започне со отворање на поглавјата и да се одржи првата меѓувладина конференција. Но, тоа не се случи. Сепак, еден успешен чекор беше завршувањето на процесот на скрининг, кој е важен процес низ кој поминува секоја земја-кандидат за членка на Европската Унија. На земјата ѝ беа потребни околу 14 месеци за да го заврши процесот започнат во септември 2022 година. Но, најважниот и одлучувачки пат само што почнал. Порталб.мк ги пренесува најважните настани поврзани со евроинтеграциите на земјава во текот на 2023 година.

Тензии Скопје – Софија

На почеток на годината односите меѓу Скопје и Софија станаа прилично тензични, што доведе до повлекување на бугарскиот амбасадор од Северна Македонија. Ова следуваше откако претседателот Стево Пендаровски на 31 jaнуари прогласи за персона нон грата еден бугарски европратеник.

„Според  анализите со кои располагаме и известувањата на надлежните органи, станува збор за активности организирани од структури во соседна Бугарија, а кои се активирале по усвојувањето на европската преговарачка рамка во јули минатата година. Истите структури се мобилизирани и логистички и финансиски да го поддржат мобилизираното доаѓање на многу луѓе во Скопје на 4 февруари, кога ќе се слави роденденот на Гоце Делчев“, изјави Пендаровски.

Бугарското собрание на 2 февруари категорично го осуди насилството врз македонските бугари во Република Македонија, како и потценувањето на проблемот со правата и безбедноста на Бугарите во Република Македонија. Софија го осуди говорот на омраза и инсистира на имплементација на Договорот за пријателство, кој властите во Скопје не го почитуваат. Ова се наведува во соопштението на Националното собрание, усвоено со мнозинство гласови.

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија оцени дека изјавите на Собранието во Бугарија за „ескалација на агресивни антибугарски активности во Република Северна Македонија“ можат да бидат во прилог само на провокаторите чија цел е да поттикнат политички активности кои негативно ќе влијаат на односите меѓу двете држави, а со тоа ги поткопаат напорите за враќање на конструктивниот пат и грижата за партнерските односи.

Како и да е, со тек на времето овие тензии почнаа да се смируваат. На 30 јуни, Претседателот Румен Радев рече дека Бугарија нема да поставува нови услови за европска интеграција на Северна Македонија, но инсистира земјата да ги исполни веќе преземените обврски од преговарачката рамка што ја усвои минатата година.

Уставните измени требаше да завршат во ноември

Уставните измени во Северна Македонија беа предвидени да завршат во ноември, но на 18 август 2023 година во Собранието на Северна Македонија расправата за почеток на уставните измени заврши во рок од неколку часови поради немање доволен број на гласови. И ден денес не се знае кога ќе се гласа.

За да се направат уставните измени потребни се две третини од гласовите, поточно 80 гласа од вкупно 120 пратеници во Собранието.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 24 јануари најави дека процедурата за уставните измени треба да почне најдоцна во јуни-јули (2023 година) и да заврши во ноември кога беше предвидено да заврши скринингот на ЕУ. Меѓутоа, скринингот заврши во декември, а уставните амандмани останаа неизгласани, затоа што ВМРО одбива да гласа.

Хронологија на скринингот

На 23 јануари во Брисел се одржа првиот билатерален состанок во рамките на Кластерот за внатрешниот пазар, на Поглавјето 3 – Право на основање и слобода на давање услуги. Ова беше прва билатерална средба за поглавје за кое е надлежно Министерството за економија.

На 6 февруари, започна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1, „Слободното движење на стоката” кое е дел од вториот Кластер „Внатрешен пазар”.

На 13 март Секретаријатот за европски прашања го продолжи билатералниот скрининг за Поглавјето 8: „Политика на конкуренција“, што беше последно поглавје од агендата на билатералниот скрининг дел од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“.

­На 15 март Северна Македонија ги отвори Поглавјата 14- „Транспортна политика“ и 21- „Транс-европски мрежи“ од Кластерот 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ од објаснувачкиот скрининг.

На 16 март продолжи процесот на објаснувачкиот скрининг за четвртиот Кластер, конкретно за Поглавјата 15- „Eнергија” и 21-„Транс-европски мрежи”.

На 17 март продолжи скринингот на четвртиот Кластер, конкретно за Поглавјето 27- „Животната средина и климатските промени“. Ова тема е една од главните столбови на ЕУ и воедно еден од главните предизвици со кои се соочува земјата.

На 28 април, Северна Македонија го започнува билатералниот скрининг за Поглавјето 25Наука и истражување, кое е дел од третата група „Конкурентност и инклузивен раст“.

На 30 мaj беше спроведен билатералниот скрининг за Кластерот 3, Поглавјето 26, „Образование и култура“ и поглавјето 20, а на 31 мај поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“.

На 26 јуни започнаа состаноците за поглавјата 14 и 21, односно „Транспортна политика“ и „Транс-европски мрежи“, кои се дел од Кластерот 4 Зелена агенда и одржлива поврзаност.

Од 17 јули сè до 20 јули, во Брисел, делегацијата на Северна Македонија заедно со делегацијата на Република Албанија присуствуваше на објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, Ресурси, земјоделство и кохезија.

На 14 септември започна билатералниот скрининг за Поглавјето 15 – Енергетика и Поглавјето 21 Транс-европски мрежи, како дел од Зелената агенда и одржливата поврзаност на Кластер 4.

На 5 октомври започна билатералниот скрининг за Поглавјето 22, „Регионална политика и координација на структурните инструменти“, кое е дел од Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, кој вклучува регулативи поврзани со планирањето и спроведувањето на кохезионата политика на Европската унија и употребата на европските структурни и инвестициски фондови.

На 19 октомври започна 3-дневниот билатерален скрининг за Поглавјето 11, „Земјоделство и рурален развој“, кое е дел од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Поглавјето 11 содржеше голем број обврзувачки правила, од кои повеќето се директно применливи.

На 20 октомври започна билатералниот скрининг за Поглавјето 33, „Финансиски и буџетски одредби“ дел од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

На 27 ноември започна билатералниот скрининг за Поглавјето 12, „Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика“ дел од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

На 7 декември  во Брисел заврши скрининг процесот за Северна Македонија.

„Северна Македонија успешно го заврши скринингот во Европската комисија. Денеска на дневен ред во Брисел се одржа билатералниот скрининг за Поглавјето 31 – „Надворешна безбедносна и одбранбена политика“ како дел од Кластерот 6 – Надворешни односи“, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

Забелешките на ЕК во Извештајот за напредокот

На 8 ноември Европската комисија го објави Извештајот за напредокот за земјите од Западен Балакан. Без никаков напредок беше оценета состојбата во земјава во однос на борбата против корупцијата. Корупцијата и понатаму останува широко распространета во многу области. За измените на Кривичниот законик се вели дека тие ја попречуваат способноста на властите да истражуваат и гонат ваквите кривични дела.

„Ова е прашање на сериозна загриженост“, се вели во извештајот.

Во текот на извештајниот период не е забележан напредок во судството. Судскиот совет мора да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и мора да се спротивстави на секое надворешно влијание. Контроверзното разрешување на претседателот на Судскиот совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание.

По повод објавувањето на извештаите за напредокот, Европската Унија (ЕУ) подготви план за раст од 6 милијарди евра за усогласување на економиите на земјите од Западен Балкан со оние на Европа.

Европската комисија го објави предлогот на новиот план за раст за Западен Балкан, кој има за цел да го стимулира економскиот раст и да ја забрза социо-економската конвергенција.

Според изготвениот план, со цел да се забрза процесот на проширување и да се поддржат реформите и инвестициите кои ќе го стимулираат економскиот раст, ќе се создаде нов фонд за Реформи и раст од 6 милијарди евра за Западен Балкан за периодот 2024-2027 година.

Без уставни измени нема продолжување на евроинтеграциите

На 14 декември ЕУ ѝ додели на Грузија статус на земја кандидат, а преговорите за Босна и Херцеговина ќе започнат кога ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство.

Претседателите на државите или владите на земјите членки на ЕУ за време на Самитот на ЕУ во рамки на дебатата за проширување на ЕУ ги усвоија заклучоците за процесот за нашата земја, покажувајќи дека Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на започнување на преговорите за членство со Северна Македонија, веднаш штом земјата ќе ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во одлуките на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година.

Според актуелната ситуација и според оценките на експертите, мали се шансите за уставни измени и продолжување на евроинтегративниот процес пред изборите на 8 мај. Инаку, оваа обврска мора да ја преземе новиот состав на Владата, а доколку победи ВМРО-ДПМНЕ земјата може да влезе во процес на стагнација, како во времето на Никола Груевски.

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот брат. Првостепената...

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот...