fbpx

Во Скопје се возело на црвено, без возачка и со мобилен в рака

Во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 144 казни за различни прекршоци, соопштува Министерството за натрешни работи (МВР)

-

Сообраќајците од секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изрекле вкупно 144 казни за различни прекршоци, соопштува Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Меѓу казнетите има за возење повеќе од дозволената брзина (47 санкции), потоа изречени се и седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење“, информира МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат во МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...