вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: избори САД | 35 резултати

Кој победи на потпретседателската дебата во САД меѓу Џеј-Ди Венс и Тим Волц?

2 октомври 2024

Потпретседателската дебата во САД во вторникот вечерта меѓу републиканецот Џеј-Ди Венс и демократот Тим ​​Волц се чинеше како граѓански и релативно воздржан разговор за прашањата кои ги интересираат американските гласачи а се однесуваат на претседателските избори што ќе се одржат на 5 ноември. Оттука, како што објави Би-Би-Си во својата анализа, ова дебата доста се […]

Засилени дезинформации против Камала Хaрис пред претседателските избори во САД

29 септември 2024

Дезинформациите што ја таргетираат Харис се карактеристични не само поради тоа што се работи за невистини, туку и за тоа што се родово специфични, зачинети со стереотипи и предрасуди, кои ја напаѓаат способноста на една жена да се најде на моќна позиција. Она што на интернет циркулира за политичарката и правничката Харис, често пати има […]

Трамп одби да се појави на втора дебата со Харис: „Предоцна е“

22 септември 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да учествува на втората ТВ дебата пред претседателските избори во ноември, јави Би-Би-Си. Додека заменик-претседателката Камала Харис, кандидатка на Демократската партија, ја прифати поканата за дебатата за Си-Ен-Ен на 23 октомври, републиканскиот кандидат Трамп на предизборен митинг рече дека е „предоцна“, бидејќи гласањето веќе започнало. Тимот на […]

Иранска група преку ChatGPT се обидела да влијае на изборите во САД

17 август 2024

Компанијата ОпенАи (OpenAI) соопшти дека ги отстранила профилите на членовите на иранската група која користела софтвер ChatGPT за да креира содржина наменета да влијае на претседателските избори во САД. Во операцијата наречена Бура-2035, иранската група го користела софтверот за вештачка интелигенција на OpenAI за да генерира содржина за кандидатите за избори во САД, конфликтот во […]

Џо Бајден се повлекува од претседателската трка

21 јули 2024

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе ја прекине својата кандидатура за реизбор, велејќи дека „тоа е во најдобар интерес на партијата и земјата“. Бајден се повлекува четири месеци пред претседателските избори во САД. Ова следува по неколкунеделниот интензивен притисок од колегите демократи по неуспешната дебата против републиканецот Доналд Трамп кон крајот на јуни. Во […]

Еве зошто e малку веројатно дека демократите ќе го заменат Џо Бајден како претседателски кандидат

29 јуни 2024

Лошиот настап на претседателот Џо Бајден на дебатата со Доналд Трамп доведе до тоа одредени членови на Демократската партија да почнат да се прашуваат дали тој треба да биде сменет на гласачкото ливче со друг кандидат пред претседателските изборите во ноември во САД. Нема докази дека Бајден е подготвен да ја заврши својата кампања сега, […]

Бајден и Трамп ги осигураа номинациите за претседател на САД

13 март 2024

Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден и неговиот претходник Донанлд Трамп, вчера и официјално ги обезбедија претседателските номинации на Демократската, односно на Републиканската партија откако ги однесоа одлучувачките победи на прелиминарните избори во сојузните држави Џорџија, Мисисипи и државата Вашингтон, јавуваат светските медиуми. Aмериканските гласачи за осум месеци ќе се соочат со реванш на претседателските […]

Линк: Германија мора да се подготви за можно враќање на Трамп

25 јануари 2024

Германија треба да се подготви за евентуална победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во ноември, изјави владиниот координатор за трансатлантски односи Мајкл Линк (Мајкл), пренесе германската новинска агенција ДПА. Трамп победи на првите два избора во републиканските пратенички групи – во вторникот во Њу Хемпшир и минатата недела во Ајова. Иако не […]

Победа на Трамп на прелиминарните избори во Ајова за кандидат за претседател на Републиканската партија

16 јануари 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на првите внатрепартиски избори за претседателски кандидат на Републиканската партија во сојузната држава Ајова, со што го зацврсти статусот на голем фаворит на десницата за претседателските избори во САД. Трамп презеде половина од гласовите, придвижувајќи се кон тесна и жестока изборна кампања против демократот Џо Бајден. Гувернерот на […]

На изборите во САД следната година, вештачката интелигенција може да ги замени „велешаните“

15 мај 2023

Вештачката интелигенција со разни алатки набргу ќе може да креира купишта лажни содржини – фотографии, звучни записи и видеа – и да се обиде да ги замаја и излаже гласачите и дури и да влијае на исходот на избори, пишува меѓународната новинска агенција „Асошиејтид Прес“ во обемна анализа. Со тоа, на претседателските избори во САД […]

Избори во САД: Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот по клучната победа во Невада

13 ноември 2022

Демократската партија во САД ја задржа контролата врз Сенатот по најавата дека клучната битка во Невада ќе заврши во нивна полза, со што се зацврстува настапот на Демократите на среднорочните избори, откако партијата во голема мера ги надмина очекувањата. Демократската сенаторка Кетрин Кортез Масто го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, поранешен државен јавен обвинител кој […]

Избори во САД: Трамп се жести на подемот на републиканскиот ривал Де Сантис

11 ноември 2022

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нападна гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, a ривалството меѓу двајцата републиканци зовре. Како што пренесе Би-би-си, Трамп го омаловажи својот поранешен политички ривал нарекувајќи го „просечен“ гувернер, без „лојалност“. Де Сантис (44) победи на реизборот со убедлив резултат во вторникот, запечатувајќи го неговиот статус како ѕвезда во подем […]

Избори во САД: Броењето на гласовите трае, трката на Демократите и Републиканците е тесна

9 ноември 2022

Тесна трка на изборите за Конгресот на САД, која засега не ветува огромна победа на Републиканската партија. Гласовите од вчерашните избори се бројат низ американските сојузни држави, но актуелните резултати покажуваат изедначена трка на изборите за Сенатот (Горниот дом на Конгресот, односно парламентот на САД), додека Републиканците засега имаат повеќе претставници во Претставничкиот дом (Долниот […]

Денеска избори во САД коишто ќе определат кој ќе ја има контролата во Конгресот

8 ноември 2022

Милиони американски граѓани денеска гласаат на избори за нови членови на Конгресот, кои ќе определат кој ќе ја има контролата во парламентот на САД. На изборите се избираат членовите на двата дома на Конгресот, и тоа сите членови на Претставничкиот дом и една третина од членовите на Сенатот. Воедно, на денешните избори се гласа и […]

„Готвачот на Путин“ Евгениј Пригожин призна вмешување во изборите во САД

8 ноември 2022

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин призна вчера дека се вмешувал во изборите во САД и порача дека ќе го прави тоа и во иднина. Ова е првото признание за нешто за што Западот долго време обвинува, а доаѓа од личност што беше обвинета од официјален Вашингтон за обиди за влијание во американската политика, јави Ројтерс. Во […]

Претседателот на САД му честиташе на Лула да Силва за победата на „слободните, фер“ избори во Бразил

31 октомври 2022

Претседателот на САД, Џо Бајден му честиташе на новиот претседател на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, којшто и претходно владееше во истиот мандат, по изборите од вториот крут за нов претседател на Бразил, јави „Ројтерс“. Претседателот на САД повика на „продолжена соработка“ на двете земји, Левичарот Лула го победи десничарскиот досегашен претседател Жаир Болсонаро […]

ТикТок ќе ги подучува инфлуенсерите во САД за правилата околу претстојните избори

18 август 2022

ТикТок презема дополнителни мерки за ограничување на дезинформациите и прекршување на неговите политики пред делумните парламентарни избори среде мандатот на претседателот во САД што треба да се одржат во ноември, јавува „Би-би-си“. Платформата за видеа најави нови чекори за да се осигура дека инфлуенсерите ќе разберат оти платените политички реклами се забранети на оваа социјална […]

САД нудат десет милиони долари за информации поврзани со Пригожин и изборите во САД

29 јули 2022

Стејт департментот понуди награда од 10 милиони долари за информации за надворешни обиди за мешање во процесот на избори во САД. Департментот ги издвои руската ИРА (Агенција за истражување на Интернет) и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин, кој е клучен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Според американскиот Стејт департмент, Пригожин е руски државјанин кој обезбедува […]

Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

23 јуни 2022

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа спроведени во 46 држави во САД, туку во неколку држави. Бајден […]

Денеска се одржуваат претседателските избори во САД

3 ноември 2020

Граѓаните на Соединетите Американски Држави денеска треба да го изберат идниот претседател на избори. Тие гласаат за актуелниот претседател републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден. Поради пандемијата со корона вирусот, над 95 милиони Американци веќе гласаа однапред и тоа на гласачките места, но и по пошта, што во овој случај би можело да […]

Страна 1 од 2