Избори во САД: Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот по клучната победа во Невада

-

Демократската партија во САД ја задржа контролата врз Сенатот по најавата дека клучната битка во Невада ќе заврши во нивна полза, со што се зацврстува настапот на Демократите на среднорочните избори, откако партијата во голема мера ги надмина очекувањата.

Демократската сенаторка Кетрин Кортез Масто го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, поранешен државен јавен обвинител кој беше поддржан од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јавува „Гардијан“.

Со победата на Масто во Невада и онаа на Марк Кели во Аризона, Демократите ги обезбедија клучните 50 места во Сенатот кој брои вкупно 100 места. Републиканците во моментов остануваат со 49.

Ројтерс пренесува дека во Џорџија во декември ќе се одржи втор круг од изборите, но дури и да победи републиканскиот кандидат, соодносот на местата во Сенатот ќе биде 50 наспроти 50. Во ваков случај Сенатот ефективно ќе биде контролиран од Демократската партија, бидејќи со изедначени гласови одлуката паѓа на потпретседателката Камала Харис.

Републиканската партија, од друга страна, забележа слаби резултати на конгресните избори. Партијата се надеваше дека „црвен бран“ ќе ја зафати САД и дека контролата на горниот дом на Конгресот (Сенатот) ќе падне во нивни раце.

„Гардијан“ пишува дека победата на Демократите претставува поттик за претседателот Џо Бајден, откако неговата партија им се спротивстави на стравувањата дека неговиот низок рејтинг, дополнително отежнат од високата инфлација, ќе биде казнет на изборите.

Во Републиканската партија, губењето на Сенатот фрли сомнежи врз тековната доминација на Трамп врз партијата. Истакнати републикански фигури отворено апелираа до Трамп да не објавува кандидатура за претседателските избори во 2024 година, која тој се очекува да ја најави во текот на следната недела.

Контролата врз Претставничкиот дом сè уште останува нејасна, а според резултатите, во моментов повеќе претставници има Републиканската партија.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...