Таг: избори САД
таг: избори САД
ТикТок ќе ги подучува инфлуенсерите во САД за правилата околу претстојните избори
ТикТок презема дополнителни мерки за ограничување на дезинформациите и прекршување на неговите политики пред делумните парламентарни избори среде мандатот на претседателот во САД што треба да се одржат во ноември, јавува „Би-би-си“.
Платформата за видеа најави нови чекори за да се осигура дека инфлуенсерите ќе разберат оти платените политички реклами се забранети на оваа социјална мрежа.
Делумните парламентарни избори среде мандатот...
САД нудат десет милиони долари за информации поврзани со Пригожин и изборите во САД
Стејт департментот понуди награда од 10 милиони долари за информации за надворешни обиди за мешање во процесот на избори во САД. Департментот ги издвои руската ИРА (Агенција за истражување на Интернет) и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин, кој е клучен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
Според американскиот Стејт департмент, Пригожин е руски државјанин кој обезбедува средства за ИРА преку компании...
Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави
Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа спроведени во 46 држави во САД, туку во неколку држави. Бајден ги доби мноштвото од...
Денеска се одржуваат претседателските избори во САД
Граѓаните на Соединетите Американски Држави денеска треба да го изберат идниот претседател на избори. Тие гласаат за актуелниот претседател републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.
Поради пандемијата со корона вирусот, над 95 милиони Американци веќе гласаа однапред и тоа на гласачките места, но и по пошта, што во овој случај би можело да го отежни пребројувањето на гласовите...
Инстаграм во борба против дезинформации пред изборите во САД
На 30 октомври на официјалниот Твитер профил на Инстаграм беше објавено дека тие ќе направат промени на нивната платформа пред изборите во САД.
„Како што се наближуваме до изборите во САД воведуваме промени кои ќе го отежнат пристапот до можни дезинформации на Инстаграм“ - велат во објавата.
Во другата објава надополнуваат дека на граѓаните на САД привремено ќе им биде одземен...
Русија и Иран се обиделе да се вмешаат во претседателските избори во САД, според американското разузнавање
Директорот на Националното разузнавање на САД, Џон Ретклиф изјави дека Русија и Иран се обиделе да се вмешаат во претседателските избори во САД. Ова обвинување тој го кажа на прес-конференција на која присуствуваше и директорот на ФБИ, Крис Реј.
Само две седмици пред одржувањето на изборите за нов претседател, оваа објава е сигнал за вознемиреноста на врвните функционер на САД...
Дезинформациите на Фејсбук станале трипати попопуларни отколку при претседателските избори во САД во 2016 г.
Активностите на постовите на Фејсбук пласирани од веб-сајтови што шират дезинформации во САД пораснале за 242 отсто во третото тромесечје од годинава во однос на третото тромесечје во 2016 година, кога се одржуваа претходните претседателски избори во САД, открива нов извештај од проектот „Дигитален нов договор“ на „Германскиот Маршалов Фонд“.
Во студијата објавена вчера од одделот на тинк-тенкот за јавни...
Трамп сака одложување на претседателските избори во САД закажани за ноември
На 96 дена пред одржување на американските претседателски избори, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп преку твит посака одложување на изборите закажани за ноември до моментот кога американските граѓани ќе можат правилно, безбедно и сигурно да гласаат.
„Со универзално гласање по пошта (а не гласање во отсуство, што е добро), изборите во 2020 година ќе бидат најизмамничките во историјата. Тоа...
Бајден и Сандерс главни претенденти за демократски кандидат на претседателските избори во САД
Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс се главните претенденти за претседателски кандидат на Демократската партија што ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД. По гласањето на синоќешниот „супер вторник“, Бајден успеа да го победи Сандерс во девет сојузни држави: Тексас, Масачусетс, Арканзас, Минесота, Тенеси, Оклахома, Алабама, Северна Каролина...
Ѓорчев очекува продлабочување на односите, Шекеринска разочарана од поразот на Клинтон
Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, е разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, додека Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ очекува продлабочување на односите меѓу САД и Македонија, по завршувањето на изборите во двете земји.
Ова се оцeнките на Шекеринска и на Ѓорчев по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Шекеринска, Ѓорчев и Артан Груби, шеф на...
Голема излезност на гласачите на претседателските избори во САД
На најголем дел од избирачките места во Соединетите Американски Држави забележана е голема излезност на гласачите, кои гласаат за нов претседател и избираат помеѓу републиканецот Доналд Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон, јавуваат светските медиуми.
Кандидатот Доналд Трамп гласал со сопругата Меланија во Њујорк и на гласачкото место стигнал со големо обезбедување, точно во 11 часот по локално време.
На прашањето за...
ОБСЕ планира да испрати 500 набљудувачи за претседателските избори во САД
Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) планира да испрати 500 меѓународни набљудувачи да ги следат претседателски избори во САД, во ноември годинава, што е двојно повеќе во однос на бројот на набљудувачи што беа распоредени за време на изборите во 2012 година, јавува „Ројтерс“.
На изборите во САД ќе бидат испратени набљудувачи од огранизацијата за меѓународна безбедност и заштита...
Избори во САД: Трамп и Круз изедначени, Сандерс пред Клинтон
Сенаторите Тед Круз и Берни Сандерс освоиле значаjни победи на синоќешната нова серија на републикански и на демократски партиски избори за претседателска номинација на САД. Но, Доналд Трамп и Хилари Клинтон го зајакнале својот статус на фаворити.
На изборите во четири сојузни држави во САД, Доналд Трамп и Тед Круз оствариле по две победи, додека Берни Сандерс ја победил Хилари...
Предизбори во САД: Почнува битката за наследник на Обама
Американските предизбори почнуваат денеска во Ајова, аграрна и политички умерена сојузна држава, сместена во срцето на САД. Жителите на Ајова први ќе гласаат и од нив зависи иднината на политичарите, кои во име на една од двете главни политички опции (демократи и републиканци) се борат за да станат претседателски кандидати.
Во Ајова живеат дури три милиони лица, односно еден отсто од...
Избори во САД
Избори во претставничкиот дом се оржуваат во Соединетите Американски Држави, се бираат 435 конгресмени и 36 сенатори. Според анкетите, трката меѓу двете партии била нерешена. Доколку републиканците ја добијат контролата и во двата дома на Конгресот, според аналитичарите, тоа би го принудило претседателот Барак Обама да ги смени приоритетите на неговата политика и да направи некои персонални измени и тоа...