fbpx

Дезинформациите на Фејсбук станале трипати попопуларни отколку при претседателските избори во САД во 2016 г.

-

Активностите на постовите на Фејсбук пласирани од веб-сајтови што шират дезинформации во САД пораснале за 242 отсто во третото тромесечје од годинава во однос на третото тромесечје во 2016 година, кога се одржуваа претходните претседателски избори во САД, открива нов извештај од проектот „Дигитален нов договор“ на „Германскиот Маршалов Фонд“.

Во студијата објавена вчера од одделот на тинк-тенкот за јавни политики „Германски Маршалов Фонд“ од Вашингтон се посочува дека за разлика од претходните претседателски избори во САД, кога САД и светот станаа посвесни за ефектите од дезинформациите врз изборите, активностите на постовите на сајтовите што „се продаваат“ за вистински медиуми, и имитираат вистински медиуми со „наведување извори“, објавување импресум и објавување исправки, за четири години се зголемиле за 102 отсто, додека активностите на постовите на озлогласените големи медиуми што не ги пренесуваат информациите одговорно, туку манипулираат и извртуваат, како „Фокс“, „Дејли Вајер“ и „Брајтбарт“ се зголемиле за 293 отсто, што доведува до општиот пораст од 242 отсто.

Во студијата вниманието било насочено кон 10 медиумски куќи, кои во споменатиот период привлекле дури 62 отсто од активностите. Меѓу нив имало „Производители на лажни содржини“, како „Федералист“ и “Манипулатори“ и „Брајтбарт“ што изнесувале тврдења што не се поткрепени од докази.

Анализите се правени во соработка со ЊусГард (NewsGuard) независно тело што ги оценува вестите и информативните веб-сајтови за веродостојност, како и со ЊусВип (NewsWhip), фирма за следење на социјалните медиуми. Притоа, не биле анализирани само конзервативни сајтови, туку и сајтови ориентирани кон левицата.

Било утврдено и дека во текот на пандемијата на корона вирусот, активностите на постовите од сите веб-сајтови – и оние погореспоменатите и оние што ги почитуваат професионалните стандарди – пораснале драстично, но во третиот квартал на годинава активностите на постовите од професионалните медиуми доживеале голем пад, а сосема спротивно било кај оние од другата група.

Активностите на постовите од манипулаторите и производителите на лажни вести бележеле постепен раст до четвртиот квартал на 2019 година, кога се случил остар пораст од 177 отсто. Во вториот квартал на годинава имало повеќе активности на постовите на манипулаторите отколку во цела 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...