недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Идомени | 78 резултати

Мигрантите ја пробиле оградата кај Гевгелија, полицијата со солзавец се обидува да ги врати

февруари 29, 2016

Толпа мигранти, заглавени кај Идомени, утрово со импровизиран „овен“ успеале да ја пробијат жичената ограда на јужната граница и да влезат на македонската страна, пренесе „Би-би-си“. Британскиот национален сервис јавува дека на видеоснимки од местото можат да се забележат мигранти како ја туркаат оградата и ја кинат бодливата жица, додека полицијата со солзавец се обидува […]

Во Грција заглавени 20.000 бегалци, кај Идомени чекаат 6.500 лица

февруари 28, 2016

Низ цела Грција во моментов се заглавени од 20.000 до 25.000 бегалци. Бројката ја објави министерот за миграција, Јанис Музалас, во интервју за грчката телевизија „Мега“, а истата се очекува да продолжи да се зголемува бидејќи во Грција секојдневно пристигнуваат илјадници нови бегалци. Според информацијата од грчката полиција, во бегалскиот камп кај Идомени има околу 6.500 бегалци, […]

Мигрантите заглавени во кампот во Идомени протестираа „Отворете ги границите“

февруари 27, 2016

Околу 400 мигранти со транспаренти на кои пишува „Отворете ги  границите“ в раце, денеска протестираа во кампот во Идомени и бараа Македонија да ја отвори границата и да ги пушти кон Западна Европа. Откако европските земји ги намалија квотите за пропуштање на бегалци, македонските служби постапуваат според тие насоки и пропуштаат само толку бегалци колку […]

Тензично кај граничната кота 59, МВР молчи за непропуштањето на мигранти од Авганистан

февруари 22, 2016

Илјадници мигранти се заглавени во меѓуграничната зона на грчко-македонската граница откако македонските власти престанаа да ги пропуштаат авганистанските државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак. „Би-Би-Си“ пренесува дека во моментов на границата се заглавени околу 5.000 мигранти, а во меѓувреме во грчкото пристаништето во Пиреја пристигнале нови 4.000 мигранти. Од […]

МВР: На Табановце заглавени 617 мигранти од Авганистан оти Србија одбива да ги пропушти

февруари 21, 2016

Повеќе од 600 мигранти од Авганистан во моментов се заглавени во прифатниот камп кај Табановце на македонско-српската граница, откако Србија ја затворила границата и не ги пропушта бегалците со авганстинаско државјанство, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР за „Мета“, исто така, ги демантираат информациите на агенциите и на дел од грчките […]

Мигрантите скандираат „Мацедониа, Мацедониа“ од грчката страна на границата

февруари 3, 2016

Во видеосторијата на американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“ од грчката страна на границата, јасно можат да се чујат скандирањата „Мацедониа, Мацедониа“ на мигрантите додека чекаат на бензинската пумпа во близината на преминот Богородица, односно Идомени. На подолгиот видеозапис се гледаат огромен број автобуси паркирани додека се чека на регистрација на мигрантите и на потпишување на изјавите дека крајната […]

Илјадници бегалци чекаат од грчката страна на Богородица да преминат во Македонија

февруари 2, 2016

Во Грција продолжува да се зголемува паниката дека државата ќе остане заглавена со илјадници бегалци и мигранти. Грчките медиуми јавуваат дека граничниот премин кај Богородица, односно Идомени е преполнет со бегалци од грчка страна бидејќи македонските граничари пропуштаат многу мал број бегалци и мигранти. Според информациите од грчката полиција, минатата ноќ се пропуштени 750 бегалци, додека во […]

Еден загинат и двајца повредени во тепачка на мигранти во близина на Идомени

јануари 25, 2016

Еден мигрант загина, а двајца се повредени во крвава физичка пресметка што се случила во два часот по полноќ во близина на граничната зона Идомени. Како што пренесува грчката новинска агенција, жртвата и повредените се мигранти од Пакистан, кои, наводно, биле нападнати од група мигранти од Авганистан. Според информациите од грчката полиција, инцидентот се случил на […]

Грција стравува Македонија целосно да не ја затвори границата за бегалците

јануари 21, 2016

Бројот на бегалци на Идомени се зголемува, а границата останува затворена. Во Грција почнува да се стравува дека одлуката за затворање на македонската граница за бегалците може да е повеќе од само привремена. Иако официјалното објаснување е дека границата е затворена на барање на Словенија поради дефект на железницата, по германските и австриските најави дека […]

Поради дефект на словенечката железница, затворена неутралната зона кај Идомени

јануари 20, 2016

Дефект на железничката инфраструктура во Словенија е причината за затворењето на неутралната зона за премин на мигранти, меѓу Грција и Макединија, во реонот на граничниот премин Идомени, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. – Бевме известени од другите земји од т.н. западно-балканска рута да го редуцираме бројот на мигранти поради дефект на железничката […]

Затворена за премин неутралната зона Идомени

јануари 20, 2016

Неутралната зона меѓу Грција и Македонија, во реонот на граничниот премин Идомени, е затворена за премин, јави грчкиот весник „Катимерини“. Преку оваа неутрална зона преминуваат бегалци од Ирак, Авганистан и од Сирија кон Македонија и понатаму кон Западна Европа. Според полицијата, на бензинската станица во областа каде што се собираат автобусите со бегалци, веќе има […]

Градоначалниците од Атина реагираат на носењето на мигрантите од Идомени

декември 11, 2015

Расчистувањето на Идомени и пренесувањето на голема група мигранти од грчко-македонската граница во Атина, создаде нови главоболки за грчката влада и за министерот за внатрешни работи и за миграција, Јанис Музалас. Четворица градоначалници од јужните предградија на Атина, каде привремено се сместени мигрантите, реагираат против оваа одлука и бараат да не се дозволи нивните населби […]

Грчки медиуми: Мириса на барут кај Идомени

декември 4, 2015

Нереди и тензии утрово повторно биле регистрирани кај Идомени на грчко-македонската граница откако група економски мигранти се обиделе да се пробијат и да влезат на македонска територија заедно со бегалците, но биле запрени од грчката и од македонската полиција. По неуспешниот обид, мигрантите почнале повторно да фрлаат камења, по што интервенирале припадници на грчката полиција […]

Мигрант загина кај Идомени, продолжува тензијата на границата

декември 3, 2015

Еден мигрант загинал од струен удар, а двајца биле повредени во судир на мигранти и на бегалци на грчко-македонската граница, каде изминативе денови состојбата е тензична откако земјите од т.н. западно-балканска рута, меѓу кои и Македонија, ги затворија границите за економските мигранти и пропуштаат само бегалци од кризните жаришта, односно Сирија, Ирак и Авганистан, јавува […]

Страна 4 од 4