fbpx

Еден загинат и двајца повредени во тепачка на мигранти во близина на Идомени

-

Еден мигрант загина, а двајца се повредени во крвава физичка пресметка што се случила во два часот по полноќ во близина на граничната зона Идомени. Како што пренесува грчката новинска агенција, жртвата и повредените се мигранти од Пакистан, кои, наводно, биле нападнати од група мигранти од Авганистан.

Според информациите од грчката полиција, инцидентот се случил на бензинска пумпа во близина на границата. Двајцата повредени по нападот биле пренесени во болница во близина на границата. Едниот бил потешко повреден и опериран, додека другиот имал полесни повреди на раката. Според изјавата на едниот од повредените, тројцата биле нападнати доцна ноќта од петмина Авганистанци, кои се обиделе да ги ограбат. Во полициската изјава едниот од Пакистанците посочил дека напаѓачите му земале 400 евра и неговиот мобилен телефон, а потоа си заминале.

Групата Пакистанци се наоѓале во околината барајќи начин да преминат во Македонија, а потоа и кон ЕУ ако се има предвид дека мигрантите од Пакистан не се пропуштаат кон ЕУ поради построгите гранични контроли и одлуката да се пропуштаат само бегалци од Ирак, Авганистан и од Сирија. Според информациите во Грција, бегалците се поделени и во бегалскиот камп на Идомени, а голем дел од нив чекаат на бензинска станица во близина на границата.

Во моментов се проценува дека во кампот има 500 бегалци, додека на бензинската – околу 2.000 бегалци распоредени во 39 автобуси, факт на кој реагираат доброволците што им помагаат поради лошите услови во кои мора да чекаат. Оцените се дека во текот на вчерашниот дел околу 2.000 бегалци се пропуштени од Грција кон Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...