fbpx

Грчки медиуми: Мириса на барут кај Идомени

-

Нереди и тензии утрово повторно биле регистрирани кај Идомени на грчко-македонската граница откако група економски мигранти се обиделе да се пробијат и да влезат на македонска територија заедно со бегалците, но биле запрени од грчката и од македонската полиција.

По неуспешниот обид, мигрантите почнале повторно да фрлаат камења, по што интервенирале припадници на грчката полиција на границата, пишува грчкиот весник „Прото тема“ на својата интернет-страница во текст со драматичен наслов: „Мириса на барут кај Идомени со 7.000 мигранти на границата“.

Според „Прото тема“, утрово на грчко-македонската граница имало околу 7.000 мигранти, од кои половината биле државјани на Сирија, Ирак и на Авганистан. Дел од нив околу 10 часот биле пропуштени да влезат во Македонија.

Во текот на денешниот ден, како што јавуваат грчките медиуми, треба повторно да биде пуштена во сообраќај железничката пруга на границата, за комерцијалните возови, која поради блокада од економските мигранти, е надвор од функција од 18 ноември.

Вчера 22-годишен мигрант од Мароко загина од струен удар кај Идомени, при судир на мигранти и на бегалци на грчко-македонската граница, каде изминативе денови состојбата е тензична откако земјите од т.н. западно-балканска рута, меѓу кои и Македонија, ги затворија границите за економските мигранти и пропуштаат само бегалци од кризните жаришта, односно Сирија, Ирак и Авганистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...