fbpx

Грција стравува Македонија целосно да не ја затвори границата за бегалците

-

Бројот на бегалци на Идомени се зголемува, а границата останува затворена.

Во Грција почнува да се стравува дека одлуката за затворање на македонската граница за бегалците може да е повеќе од само привремена.

Иако официјалното објаснување е дека границата е затворена на барање на Словенија поради дефект на железницата, по германските и австриските најави дека се размислува да се намали бројот на бегалци што ќе бидат примени во Европска унија, во Грција се создава вознемиреност дека целиот случај може да е однапред договорено сценарио за затворање на границите.

„Границата е затворена од вторник, а иако мерката е најавена како привремена, знаците од Балканот и од Австрија покажуваат само кон една насока“, пишува „Катимерини“, алудирајќи на можноста границите да не се отворат или, пак, да се отворат под силна контрола и услови за пропуштање на бегалците.

Бројот на бегалци што пристигаат на границата се зголемува. Според информациите на грчката државна новинска агенција АНА, во моментов има околу 800 бегалци што чекаат за влез во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден, 600 бегалци чекаа на бензинската станица затворени во 12 автобуси на студеното време. По апелот на организацијата „Доктори без граници“ и на волонтерите кои им помагаат на бегалците, грчките власти одново го отворија бегалскиот камп кај Идомени, кој се смета дека има подобри услови за привремено вдомување на бегалците додека чекаат да заминат од Грција.

Зимскиот камп, кој беше затворен околу еден месец по одлуката за поголема контрола на протекот на бегалци од Грција кон ЕУ, ќе биде отворен колку што е потребно за да им се пружи подобра грижа и нега на бегалците во студените зимски услови.

Во меѓувреме не престанува ни бранот на бегалци кои доаѓаат во Грција преку Турција. Во вторник на островот Лезбос пристигнале повеќе од 1.000 луѓе, а во текот на вчерашниот ден уште нови 1.200 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...