понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Идомени | 78 резултати

Инциденти и демонстрации против бегалскиот камп кај Вериа

март 26, 2016

Расчистувањето на кампот кај Идомени се одвива бавно. Во текот на вчерашниот ден осум автобуси од Идомени пренесоа неколку стотина бегалци во бегалските центри во Верија и Катерини, но во кампот се уште остануваат речиси 12.000 луѓе. Околу 200-300 бегалците кои беа пренесени во Верија ги дочека гневен протест од жителите во Верија и околните […]

Грција подготвува нови 30.000 места за бегалците

март 25, 2016

Грчката влада планира да подготви уште 30.000 нови места за сместување на бегалците во следните 20 дена. Одлуката беше донесена на првиот состанок на владиниот Совет за бегалска и мигрантска политика за да се зголемат сместувачките капацитети и бројот на прифатни центри, за да се одговори соодветно на големиот бран бегалци во државата и полека да почнат […]

Мигрант се самозапали на протестот во Идомени

март 22, 2016

Еден мигрант се запалил за време на протестот пред затворената грчко-македонска граница кај Идомени и однесен е во болница. Грчката полиција наведува дека инцидентот се случил за време на протестот во големата шаторска населба во Идомени. Полицијата додала дека повредите што ги добил, веројатно не се опасни по живот. Околу 12.000 мигранти и бегалци се наоѓаат во […]

Музалас: Идомени ќе се расчисти за еден месец

март 22, 2016

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, уверува дека кампот кај Идомени ќе се испразни за еден месец. Одговарајќи на пратенички прашања во грчкото собрание, во клима на неизвесност за неговото останување во владата, Музалас истакна дека бегалците ќе си заминат од кампот до крајот на следниот месец, без никакви проблеми и без да мора да се […]

Грчкото обвинителство покрена истрага за летокот во Идомени

март 22, 2016

Грчкото обвинителство ќе го истражува случајот и ќе ги бара одговорните за летокот со кој бегалците на Идомени се повикаа на нелегално преминување на грчко-македонската граница. Според информациите во Грција, обвинителката од грчкиот врховен суд, Ефтерпи Куцамани, издала наредба до солунското обвинителство да се почне прелиминарна кривична истрага за да се најде кој стои зад целата […]

Џоли се сретна со Ципрас, во Идомени – вечерва или утре

март 16, 2016

Холивудската ѕвезда и амбасадор на добрата волја на Обединетите нации, Анџелина Џоли, ги посети бегалските кампови во Атина и се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Џоли се очекува подоцна попладнево да замине за Солун, а оттаму и за Идомени на границата со Македонија. Опкружена од илјадници бегалци, но и од грчките медиуми, Џоли, која денеска […]

Анџелина Џоли денеска ќе го посети кампот кај Идомени

март 16, 2016

Холивудската актерка и амбасадор на добра волја на Обединетите нации, Анџелина Џоли, денеска ќе го посети бегалскиот камп во Идомени за да ја увиди ситуацијата и условите во кои живеат повеќе од 10.000 бегалци. Џоли се очекува да пристигне во кампот околу 15 часот по локално време. Првично се очекуваше таа да оди во посета на […]

Ципрас: Тие што ги затворија границите, нема да ги отворат повторно

март 15, 2016

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, одржа итна владина седница околу ситуацијата со бегалците. Ова е втора седница во рок од 24 часа откако бегалците успеаjа да се пробијат во Македонија преку Сува Река. Нa седницата беа и министрите за внатрешни работи, одбрана и за цивилна заштита за да се подготви грчката позиција за новиот самит на ЕУ […]

Бегалците тонат во кал и вода на Идомени

март 14, 2016

Кампот во Идомени е целосно поплавен, а нивите каде бегалците спијат во шатори се претворени во огромно калливо мочуриште, по вчерашниот поројни врнежи во северна Грција. За над 12.000 луѓе кои се во кампот во Идомени, на границата со Македонија, обидот да се избега од војната во Сирија и лошите услови за живот во Ирак […]

Потресни сцени во Идомени, деца легнати на шините во кал молат да се отворат границите

март 13, 2016

Бегалската голгота на Идомени расте како што се влошуваат временските услови. Околу 12.000 бегалци се заглавени во кал и ѓубре во бегалскиот камп среде обилни врнежи кои се очекува да траат се до среда. Во очај група од мали деца бегалци лежеа на железничките шини молејќи да се отворат границите. Сцената на дечиња со картони […]

Митерленер: Бегалците свесно седат во кал, така вршат притисок

март 13, 2016

Австрискиот вицепремиер, Рајнхолд Митерленер, изјави дека бегалците на грчко-македонската граница свесно седат на дожд и во кал, за да извршат притисок за отварање на балканската рута. Митерленер во изјава за виенскиот весник „Кронен цајтунг“, рече дека фотографиите со деца и бебиња во кал свесно се политизираат. -Во Грција има на располагање сместувања кои одговараат особено за семејства […]

Бегалците ќе го напуштат Идомени за две недели

март 11, 2016

Грчките власти соопштија дека се надеваат дека преполниот бегалски камп Идомени на грчко-македонската граница ќе се испразни во рок од две недели, затоа што делумно успеале да ги убедат мигрантите да се преселат во околните новоизградени засолништа. Заменик-министерот за јавни работи, Никос Тоскас, ја исклучи употребата на сила за да се „преместат“ 14.000 лица кои […]

(Видео) Бегалски маки: За храна, тоалет и за доктор – два часа, за Македонија – со денови!

март 7, 2016

Во очајна ситуација, без елементарни услови за живот, легнати во тенки шатори на земја, во нивите околу Идомени повеќе од 14.000 бегалци од Сирија и од Ирак ја чекаат денешната одлука на европските лидери, кои во Брисел одлучуваат дали ќе се „запечати“ балканската рута и што ќе се случува со илјадниците бегалци што чекаат на Идомени. Иако условите во […]

Атина предупредува: Границата нема да се отвори, бегалците да останат во камповите

март 6, 2016

Грција треба да се подготви за десетици илјади бегалци. Ова предупредување до целиот грчки народ, организации и институции го упати денеска министерот за миграција, Јанис Музалас, истакнувајќи дека целото грчко општество ќе мора да ја подели тежината и одговорноста за оваа ситуација. – Преминот кај Идомени нема да се отвори – истакна Музалас. Тој забележа […]

„Мета“ во Идомени: 13.000 бегалци се заглавени во ѓубре и смрдеа во градот од шатори

март 5, 2016

Повеќе од 13.000 бегалци од Сирија и од Ирак се заглавени во ѓубре и во смрдеа во кампот кај Идомени, кој се наоѓа на грчката страна од границата и кој има капацитет за најмногу 4.000 луѓе. Бегајќи од војните во Сирија и во Ирак, а со надеж дека ќе стигнат во Германија, некои од бегалците во […]

Повеќе од 31.000 бегалци се заглавени во Грција

март 4, 2016

Грчкиот заменик министер за одбрана, Димитриос Вицас, и министерот за миграција, Јанис Музалас, соопштија дека во цела Грција заедно со островите има регистрирани 31.842 бегалци. Како што информираа на заедничката прес-конференција, од нив 6.857 се на островите, додека до вчера низ целиот копнен дел на државата имаше 24.985 лица кои чекаат да бидат пропуштени и […]

Нов мирен протест на бегалците на железничката пруга кај Идомени

март 3, 2016

Бегалците повторно ја зазедоа железничката пруга во неутралната зона кај преминот Идомени. Во моментов се одвива нов протест на бегалците на железничката пруга, во револт поради тоа што со денови се заглавени во кампот, соочени со жичена ограда, затворени граници и со неизвесност дали воопшто ќе бидат пропуштени во Македонија. Во кампот во Идомени, веќе во […]

На Идомени 10.000 бегалци чекаат да влезат во Македонија

март 2, 2016

Повеќе од 10.000 бегалци во неизвесност чекаат во кампот Идомени да бидат пропуштени од Грција во Македонија. Бројката секојдневно се зголемува за 1.000 до 2.000 бегалци. Затворената порта од македонска страна не ги обесхрабрува бегалците, кои во огромни бројки секојдневно пристигаат на грчките острови, а оттаму заминуваат за Атина и потоа кон Идомени. Условите во бегалскиот камп од ден […]

Инцидентот на границата ја врати Македонија во светските медиуми

март 1, 2016

Вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница, кога илјадници мигранти се обидоа да ја урнат жичената ограда и да влезат во земјава, на што полицијата реагираше со солзавец за да ги одврати од намерата, повторно ја врати Македонија во фокусот на светските медиуми и новински агенции. Поголемиот дел од нив известуваат прилично објективно, но имаше и такви кои сакаа […]

Еден полицаец и девет мигранти повредени во инцидентите на границата – ситуацијата под контрола

февруари 29, 2016

По инцидентот во кој бегалците во знак на револт почнаа да фрлаат со камења и урнаа дел од жичената ограда на грчко-македонската граница, илјадници мажи, жени и деца седнати на железничката линија попладнево продолжија со протестот и со барањата македонската полиција да ги пропушти за да го продолжат патот кон Западна Европа. Во инцидентите, за чие […]

Страна 3 од 4