fbpx
Таг: хакерски напад

таг: хакерски напад

МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на министерството е сигурна и етапно се враќа во функција

Електронскиот систем на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група Black Byte. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во министерството и оневозможување на тековните работни процеси. МЗШВ, како што истакнаа во соопштението, уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните и даде одговор на сите новинарски прашања поврзани...

Маките на скопски средношколец со посебни потреби раскажани во новата епизода на Шорткат

Разговаравме со мајката на Никола Стојановски, средношколец од Скопје со посебни потреби, за проблемите со кои се соочуваат и двајцата, поради тоа што за него, а и за речиси сите средношколци со посебни потреби, државата нема обезбедено образовни асистенти. Покрај овој разговор, во најновата епизода на вестите за млади „Шорткат“ се зафативме и со односот на државата кон волкот, кој...

Погледнете како функционира македонската банка за храна во новата епизода на „Шорткат“

Откако бевме во посета на најстарата банка за храна во Португалија, во новата епизода на „Шорткат“ ви прикажуваме и како фунцкионира нашата македонска банка за храна, која постои 12 години. Банката дава свој придонес во борбата против гладта меѓу луѓето и против фрлањето на храната. Во новите вести за млади носиме и неколку вести на тема образование и информираме за...

МОН ги повика бруцошите да аплицираат за студентски дом, веб-страницата недостапна веќе пет дена

Петти ден не е достапна веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) по хакерскиот напад што се случи во петокот навечер, а позади кој наводно стои грчки хакерски тим. Од саботата пристапот до веб-страницата на ова министерство е оневозможен, а до овој момент МОН не соопшти повеќе информации за нападот, освен што за неколку медиуми викендот информираше дека...

Наводни грчки хакери ја преземаа веб-страницата на МОН

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е под хакерски напад. Неколку часа на сајтот на ова министерство стоеше пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“ (HACKED BY GREEK HACKING TEAM NETWATCHERS). Поради нападот не се отвораше ниту една потстраница на овој сајт, додека сите објавени линкови водеа кон Јутјуб видео со наслов „Познатата Македонија“ (Famous Macedonia). Мета.мк...

„iKnow“ системот на УКИМ и веб-страницата на МОН се повторно недостапни

ФИНКИ
Во моментов повторно не се активни веб страницата на Министерството за образование и наука (МОН), ниту пак „iKnow“ системот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. За само неколку дена, ова е трет пат како овие два веб сајта не функционираат во исто време. Минатиот четврток, од ФИНКИ за Мета.мк информираа дека станува збор за ДДОС напад на серверите на факултетот,...

По хакерскиот напад, „iKnow“ системот на УКИМ е вратен во функција

„iKnow“ електронскиот систем на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е повторно во функција, велат за Мета.мк од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Системот профункционира откако три дена студентите, поради хакерски напад, не можеа да пристапат до истиот. Од ФИНКИ информираа дека студентите сега можат да ги пријават испитите за претстојната испитна сесија, како и дека повторно...

iKnow системот на УКИМ под хакерски напад, паднат е и сајтот на МОН

УКИМ
Системот за електронска поддршка iKnow на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ трет ден по ред не функционира, а причина за нефункционалноста е хакерски напад. Ова за Мета.мк го потврдија од ФИНКИ, факултетот кој се грижи за одржување на системот. Во меѓувреме, од утрово не е во функција ниту вебсајтот на Министерството за образование и наука (МОН), за што причините...

Хакери споделуваат несоодветни содржини на Фејсбук страницата на УКИМ

Несоодветни содржини од изминатиов викенд се објавуваат на oфицијалната Фејсбук страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Во петокот, на профилот на УКИМ на оваа социјална мрежа, најпрво во живо, три часа, се пренесуваше видео-играта „League of Legends“ со наслов „Здраво на сите“ на англиски јазик, видео кое подоцна беше отстрането, по што продолжија објавите на смешни...

Хакирани Јутјуб и Твитер каналите на британската армија заради промоција на измами со криптовалути

Сметките на британската армија на Јутјуб и на Твитер биле хакирани и користени за промовирање на измами со криптовалути, потврди во неделата Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, а пренесе „Би-би-си“. Не е јасно кога точно хакерите ги презеле двете сметки, а каналите сега се вратени во нормала. На каналот на Јутјуб се појавиле видеа за криптовалути со слики од...

Хакирани ТВ-водичите на паметните телевизори во Русија, содржините заменети со „На вашите раце има крв!“

Жителите на Русија што утрово сакаа да го гледаат преносот од големата парада во Москва по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот, беа изненадени кога на ТВ водичите на паметните телевизори наместо очекуваните содржини, насекаде беше испишана антивоена порака. „На вашите раце има крв на илјадници Украинци и нивните стотици убиени деца. Телевизиите и властите лажат. Не...

Обид за кибер напад на банкарскиот сектор, веб-сајтовите останаа во функција

Вчера на Твитер на профилот наречен „Моќна грчка армија“, зад кој нема никаква потврда дека стојат Грци, се појавија серија твитови со принскринови кои укажуваат на извршени DDoS напади на повеќе македонски банки. Вистинитоста на ваквите тврдења не може да се потврди, а дотолку повеќе, самите веб-страници на банките функционираа. Како реакција утрово Народната Банка објави соопштение со кое ја...

МОН: Нема упад во електронските системи и бази со податоци на МОН

По објавата на Твитер во која наводни хакери со име „Моќната грчка армија“ соопштија дека го пробиле компјутерскиот систем на Министерството за образование и притоа ја презеле контролата врз надзорните камери и врз интернет страницата на МОН, од министерството апелираат граѓаните да не наседнуваат на шпекулации. „Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е...

САД и НАТО се подготвени да продолжат со дијалогот, Русија се спрема за напад на Украина

САД и НАТО се подготвени да го продолжат реципрочниот дијалог со Москва, се наведува во соопштението на Стејт департментот, по телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Финска и Шведска би можеле да се приклучат на Алијансата уште првиот ден по поднесеното барање, а...

Масовен кибер-напад во Украина со порака: „Плашете се и очекувајте го најлошото“

Украинската влада доцна синоќа беше погодена од масовен кибер-напад, при што паднаа десетина веб-страници на неколку владини оддели, јавуваат светските новински агенции. Помеѓу погодените владини институции се министерствата за надворешни работи и образование, како и амбасадите на Украина во Велика Британија, САД и Шведска, пишува „Би-би-си“. На почетокот на нападот, на хакираните веб-страници била објавена порака на три јазици –...

Хакерски напад привремено го прекина електронскиот попис во Бугарија

На првиот ден од електронското попишување во Бугарија, веб-сајтот за пописот беше нападнат од хакери и привремено беше прекинато попишувањето. Се работи на повторно ставање во функција на системот, а адресите од кои хакерите напаѓале се блокирани, јави бугарски „Дневник“, повикувајќи се на бугарскиот Национален статистички институт (НСИ). Во моментов не може да се отвори сајтот на НСИ. Хакерскиот напад...

Хакерите кои украдоа криптовалути во вредност од 600 милиони евра, вратија половина од средствата

Речиси половина од средствата што беа украдени во една од најголемите кражби во светот на криптовалутите се вратени кај финансиската платформа „Поли Нетворк“ (Poly Network), пишуваат светските новински агенции. Во вторникот беше соопштено дека од „Поли Нетворк“  се украдени криптовалути во вредност од над 600 милиони американски долари. Од платформа, преку писмо објавено на Твитер, им се обратија на хакерите...

Оливер Деркоски и уште тројца од ДИК добија обвинение за набавка на софтверот кој беше цел на хакерски напад

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, како и против тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Се товарат за незаконски набавки на софтверот на ДИК, кој потоа беше цел на хакерски напад и беше блокиран, со што се одложи...

Хакиран сајтот на парламентот на Црна Гора за време на вчерашните избори

Веб-сајтот на парламентот на Црна Гора, вчера, за време на одржувањето на парламентарните избори во земјата, бил цел на хакерски напад. Поради тоа веб-сајтот бил блокиран од 8.29 до 10.07 часот наутро, потврдија црногорските власти. Засега нема објаснување кој е извршител на нападот, ниту се знае како точно бил извршен нападот. И порталот на весникот „Вијести“ вчера соопшти дека еден месец...

МВР утврдило DDoS напад врз сајтот на ДИК, но не и кој е сторителот

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека доставиле известување до Основно Јавно Обвинителство - Скопје во кое ги образложиле сите мерки и активности кои биле преземени во насока на расчистување на случајот пријавен од страна на Државната изборна комисија (ДИК). „Од доставената пријава и анализата на податоците се констатираше дека при...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...