fbpx

Масовен кибер-напад во Украина со порака: „Плашете се и очекувајте го најлошото“

-

Украинската влада доцна синоќа беше погодена од масовен кибер-напад, при што паднаа десетина веб-страници на неколку владини оддели, јавуваат светските новински агенции.

Помеѓу погодените владини институции се министерствата за надворешни работи и образование, како и амбасадите на Украина во Велика Британија, САД и Шведска, пишува „Би-би-си“. На почетокот на нападот, на хакираните веб-страници била објавена порака на три јазици – украински, руски и полски.

„Украинци! Сите ваши лични податоци се поставени на јавниот интернет. Плашете се и очекувајте го најлошото. Ова е за вашето минато, вашата сегашност и вашата иднина“, пишувало на хакираната страница на украинското МНР.

Украинските безбедносни служби соопштија дека според првичните проценки не биле протечени лични податоци ниту пак содржината на страниците била променета.

Како резултат на масовниот хакерски напад, веб страницита на украинското МНР и на бројни други владини агенции привремено не функционираат.

Помеѓу целите на хакерите била и веб-страницата „Diia“, клучен систем кој содржи владини услуги што ги чуваат личните податоци и сертификатите за вакцинација на граѓаните.

Сè уште не е јасно кој стои позади нападот, но „Би-би-си“ пишува дека претходните сајбер напади доаѓале од Русија.

Официјалните лица велат дека е премногу рано да се извлечат било какви заклучоци, но укажаа на долго досие на руски сајбер напади врз Украина, при што овој напад дојде откако безбедносните разговори помеѓу Москва и САД и сојузниците неделава завршија во ќор-сокак, пишува „Гардијан“. Русија сè уште не го прокоментирала случајот.

Владата на Украина се најде под силен притисок од својот сосед, со околу 100.000 руски војници распоредени во близина на нејзините граници.

Шефот на надворешната политика на Европската Унија, Жозеп Борел, рече дека сите ресурси на ЕУ се мобилизирани за да ѝ се помогне на Украина да се справи со овој тип на сајбер-напад.

Украинската безбедносна служба СБУ соопшти дека за само девет месеци минатата година неутрализирала 1.200 сајбер напади или инциденти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...