Погледнете како функционира македонската банка за храна во новата епизода на „Шорткат“

Фото: Мета.мк

Откако бевме во посета на најстарата банка за храна во Португалија, во новата епизода на „Шорткат“ ви прикажуваме и како фунцкионира нашата македонска банка за храна, која постои 12 години. Банката дава свој придонес во борбата против гладта меѓу луѓето и против фрлањето на храната.

Во новите вести за млади носиме и неколку вести на тема образование и информираме за најавената, а невоведена дигитализација при вселувањето во студентските домови, но и за проблемите со кои се соочуваат средношколците – ученици со посебни потреби кои не можат да обезбедат образовни асистенти. Известуваме и за хакерскиот напад на веб-страницата на Министерството за образование и наука што се случи во петокот.

Во „Шорткат“ информираме и за еднодневната забава „Get EXITed“ што минатата недела се одржа во Струмица.

Новата епизода на нашите вести за млади ќе биде објавена вечерва во 19 часот на нашите канали на социјалните мрежи.