Маките на скопски средношколец со посебни потреби раскажани во новата епизода на Шорткат

Фото: Мета.мк

Разговаравме со мајката на Никола Стојановски, средношколец од Скопје со посебни потреби, за проблемите со кои се соочуваат и двајцата, поради тоа што за него, а и за речиси сите средношколци со посебни потреби, државата нема обезбедено образовни асистенти.

Покрај овој разговор, во најновата епизода на вестите за млади „Шорткат“ се зафативме и со односот на државата кон волкот, кој во земјава сè уште нема статус на загрозен вид, иако неговиот опстанок е загрозен.

Но не е загрозен само тој, туку и цел Велес и околината, од цела планина згура и други опасни материи, коишто се уште се закануваат на животната средина и на здравјето на луѓето.

Во најновата епизода на „Шортак“, која ќе се емитува вечерва во 19 часот на нашите канали на социјалните мрежи известуваме и за хакерскиот напад на веб-страницата на Министерството за образование, како и за одлуката на битолскиот универзитет да ја намали на половина партиципацијата за студентите од еднородителски семејства.