понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: посебни потреби | 18 резултати

Порталб: За време на пандемијата, децата со посебни потреби посетуваат три форми на настава

13 октомври 2020

Во отсуство на дефектолози, кои според законот треба да ги има секое основно училиште, повеќето општини го компензираат ова преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во услови на пандемија, учениците со посебни потреби го започнаа образовниот процес без проблеми, истовремено со другите ученици, и тоа на три начини, пишува Порталб.мк. Во Општина Тетово […]

Бирократски процедури го паркираа возилото за децата со посебни потреби во Штип

4 април 2019

Цели три месеци сосема новото возило што со донации беше набавено за редовен превоз на деца и возрасни со посебни потреби во Штип стои паркирано во дворот на „Македонија пат“. Комбето е специјализрано, со рампа за кревање на колички и е едно од долгогодишните барања на родителите на децата со посебни потреби. За комбето Општината […]

Во 56 општини ќе се вработат 650 асистенти за инклузија на децата со посебни потреби

28 септември 2018

15 нови асистенти за деца со посебни потреби ќе бидат ангажирани во училиштата во општина Тетово, како дел од проектот кој УНДП го реализира со општината, информираа од УНДП на денешната прес-конференција. Се работи за програма во која е вклучена корисна работа, чија цел е децата со посебни потреби да се вклучат во наставата, односно […]

Народниот правобранител апелира за целосна интеграција на лицата со посебни потреби

3 декември 2017

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Народниот правобранител апелира сите чинители во општеството, уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби, со што би се оствариле нивните права. „Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за […]

Во Скопје утре Марш на толеранција за лицата со попреченост

14 ноември 2017

Со конференција во Скопје на која ќе се дискутира за проблемите на лицата со попреченост, а потоа и со марш на толеранција, Хелсиншкиот комитет за човекови права поддржан од 25 организации утре ќе потсети на проблемите на луѓето што живеат со различна попреченост. На конференцијата ќе бидат презентирани наодите од истражувањата и анализите за потребите  на […]

Царовска: Пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно, социјалната помош ќе се зголеми

20 јуни 2017

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средба во општинската организација на СДСМ во Центар, порача дека СДСМ како чинител на власта ќе најде начин да ги направи пензиите одржливи, како и двапати годишно тие да се усогласуваат со трошоците за живот. Според Царовска, во план е социјалната помош да се зголеми, но […]

Собирањето потписи за лицата со посебни потреби продолжува во другите градови

24 април 2017

Денеска до пладне во Штип, 600 граѓани се потпишаа во книгите за собирање потписи за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби. Претседателот на здружението „Сплотени срца“, Зоран Мијалков, кој е и татко на дете со посебни потреби, изјави дека очекува акцијата да се интензивира. – Денеска и […]

Акцијата за потписи за правата на децата со посебни потреби продолжува и денеска

23 април 2017

Акцијата за собирање потписи за иницијатива до Собранието за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби, денеска се одвива на плоштадот Македонија од 10 до 16 часот. Досега се собрани нешто повеќе од 2.000 потписи, а требаат уште четирипати по толку за да се постигне цензусот од […]

Деца со посебни потреби и нивните родители ќе кампуваат и ќе протестираат пред Собранието

18 април 2017

Додека пратениците „бистрат“ политика во Собранието на Република Македонија, надвор, во паркот Жена – борец, деца со посебни потреби и нивните родители в четврток ќе распнат шатори. Планираат да кампуваат три дена, за на политичарите да им покажат што сè им стои за решавање. Родителите од здружението „Сплотени срца“ на денешната прес-конференција во Штип рекоа […]

Многу малку фирми вработуваат лица со посебни потреби, и покрај државните мерки

28 март 2017

Иако во изминатите години беа донесени низа позитивни мерки за вработување лица со посебни потреби, сепак многу е мал бројот на фирми што ги користат поволностите што ги нуди државата, а не ретко доаѓа и до ситуации во кои работодавците вработуваат лица со посебни потреби само за да ги искористат бенефициите кои следуваат од државата. Ова го […]

20 јавни институции немаат пристап за лицата со посебни потреби

27 март 2017

Од вкупно 77 во 20 јавни институции во Македонија нема овозможен пристап за лицата со посебни потреби до првиот кат, покажуваат податоците од проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“ кој е финансиран од Европската Унија. Додека пак, 64 јавни институции немаат овозможен пристап до вториот кат за […]

Само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование во 2015 година

24 март 2017

Во 2015 година, само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование, петмина станале магистри, а не е забележан ниту еден случај на успешно завршени докторски студии. И покрај фактот дека школувањето во Македонија за лицата со прв и со втор степен на инвалидност е бесплатно и истото е покриено од буџетот, бројот на лица кои […]

Изложба за лица со посебни потреби за да се подигне свесноста за овие граѓани

4 октомври 2016

Амбасадата на Шведска, во соработка со Шведскиот институт, вечерва, во 19 часот, ќе ги отвори изложбите „Пристапност“ и „Дизајн за достоинствен живот“ во Дом на АРМ. – Со отворањето на изложбите, изложбениот простор и концертната сала на Домот на Армијата првпат стануваат пристапни за лицата со посебни потреби, бидејќи вечерва во употреба ќе биде ставена донираната […]

Родители на деца со аутизам од Штип најавуваат кампување пред институциите

14 септември 2016

Единствениот вработен дефектолог во Центарот за аутизам во Штип пред два дена си дал отказ, а родителите на децата со аутизам не биле информирани за тоа. Тие денеска наидоа на затворена врата во Центарот за аутизам. Родителите немаа информација зошто е затворен Центарот за аутизам, каде нивните деца ги поминуваат часовите додека тие се на […]

Страна 1 од 1