fbpx

Презентирани визијата и приоритетите на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост

-

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска во Владата беа презентирани визијата и главните приоритети на предлог Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година.

Премиерот Димитар Ковачевски во честитката која ја упати до лицата со попреченост истакна задоволство што на овој ден се промовира важен документ. Тој се заблагодари на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) за поддршката во овој процес и ги повика министерствата активно да се вклучат во нејзината имплементација.

„Јас прво како човек, а потоа и како прв човек на Владата се залагам за еднаквост и недискриминација, за образование, пристап до социјални и здравствени услуги, за вработување, самостојно живеење, пристап до правда, политичко учество. И од овие принципи не отстапувам. Затоа за идната година, се договорив со МОН во 100 училишта во државата да бидат изградени пристапни рампи за лица со попреченост. Криза е криза, меѓутоа такви финансиски средства, МОН сметам дека може да најде и тоа да се направи“, рече Ковачевски.

На настанот се обрати Директорот на ГИЗ за Северна Македонија, Давид Оберхубер кој истакна дека Германија работи на подобрување на социјалните права за ранливите категории повеќе од една деценија. Според него, новата стратегија како и инклузивниот и мултисекторски процес на нејзина подготовка ја доближуваат Северна Македонија до Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост бидејќи за време на целиот процес се почитуваше принципот „Ништо за нас без нас“.

„Среќни сме што процесот на развивање на Стратегијата беше навистина партиципативен и успеа да вклучи повеќе од 200 луѓе од широк спектар на институции, организации и индивидуални експерти. Исто така, во рамките на овој процес беа организирани три национални работилници, две локални работилници и 24 фокус групи. На сите настани имаше активно учество на организациите кои ги застапуваат лицата со попреченост, како и на самите лица со попреченост и членовите на нивните семејства“, рече тој.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека преку овој документ ќе се придонесе за лицата со попреченост да можат да го остварат својот полн потенцијал.

Премиерот Ковачевски упати повик до сите министри во Владата, активно да се вклучат во понатамошната разработка на Стратегијата, односно во креирањето на акцискиот план и активностите кои ќе произлезат оттаму, да бидат ставени високо на агендата со што ќе се осигура нивна динамична имплементација.

Премиерот рече и дека во пакетот антикризни мерки одвоена е финансиска поддршка на социјално ранливите категории граѓани каде лицата кои го користат правото за попреченост, понатаму родителите на децата со попреченост до 26 години, но и лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице добиваат финансиска поддршка од по 3.000 денари.

Ковачевски во својот говор се осврна и на важноста од вклучувањето во образовниот процес и обезбедувањето еднакви услови за сите деца.

„За учебната 2022-2023 година обезбедивме средства за вработување на 725 образовни асистенти во наставата кои се поддршка на наставниците и учениците со попреченост. Дополнително направивме и законски измени со кои возрасната граница за користење на услугата на личната асистенција ја намаливме од 18 години на 6 години, со што сакаме да го поддржиме вклучувањето на децата во редовниот образовен систем и во општеството во целина“, рече Ковачевски.

Народниот правобранител како орган кој посветено работи на полето на заштита на човековите права и слободи на лицата со попреченост ако позитивен исчекор го оцени отпочнувањето на процесот на изготвување на Национална стратегија за правата на лицата со попречност, тековните процеси на деинституционализација и инклузивно образование, како и законско уредување на функционалната проценка согласно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ),

Но, според Народниот има уште многу работа во насока на хармонизација на националната легислатива со ратификуваната Конвенција за права на лицата со попреченост со цел воведување на законска обврска за почитување и уживање на правата на лицата со попречност на еднаква основа со другите.

„Проблемите со кои се соочуваат овие лица се системски и долготрајни, па државата треба попосветено да се заложи за остварување на правата на лицата со попреченост, пришто, да се пристапи кон решавање на проблемите, заеднички со лицата со попреченост и нивните претставнички организации, овозможувајќи им притоа значајно учество во процесите со што би се постигнале промени во посакуваната насока“, истакнато е во пораката од народниот правобранител.

Мета.мк уште на почетокот учебната година пишуваше за проблемите со кои се соочуваат средношколците со посебни потреби. Сега веќе наближува крајот на првото полугодие, но за Никола Стојановски институциите сè уште не обезбедија образовен асистент.

Средношколците со посебни потреби чекаат на Законот за средно образование за да добијат образовни асистенти

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...