fbpx

Родители на деца со аутизам од Штип најавуваат кампување пред институциите

-

Единствениот вработен дефектолог во Центарот за аутизам во Штип пред два дена си дал отказ, а родителите на децата со аутизам не биле информирани за тоа. Тие денеска наидоа на затворена врата во Центарот за аутизам.

Родителите немаа информација зошто е затворен Центарот за аутизам, каде нивните деца ги поминуваат часовите додека тие се на работа. Но, како што изјавија, не е првпат центарот да биде затворен.

– Нема политика во нашите инсистирања да се направи нешто со центарот. На почетокот, кога се отвори, работеше логопед, но таа набргу отиде на боледување. Не ѝ се најде замена. Од понеделникот овде не работи единствениот дефектолог. Ова веќе не е центар за аутизам, бидејќи сега во него работат само домаќинка, педагог и медицинска сестра – изјави Зоран Мијалков, родител на дете со аутизам.

Родителите и роднините на децата со аутизам велат дека овој центар никогаш не профункционирал како што треба.

– Кај сите нас има разочарување. Каде ги сместија децата?! Ова е подрум. Нема ни игралиште, ниту двор, ни соодветна храна – реагира Васка Кавракова, баба на дете со аутизам.

Семејствата потсетија и на ветувањето дадено од политичарите на отворањето дека ќе обезбедат возило за превоз на децата. Разочарани, родителите најавуваат кампирање пред институциите.

Од Центарот за социјални работи соопштуваат дека од утре децата со аутизам ќе бидат редовно згрижени, откако е најдена замена за дефектологот што дал отказ. Оттаму соопштија дека центарот работел, но бил со затворени врати поради тоа што вработените не сакале да се снима внатре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...