„Мајкрософт“ хакиран од руски владини хакери

Од „Мајкрософт“ сметаат дека зад нападот стојат истите хакери кои стоеле и зад големиот сајбер-напад во 2020 година, кога беа таргетирани над 200 големи фирми, организации и влади

-

Технолошката компанија „Мајкрософт“ тврди оти руски хакери, кои биле поддржани од владата, добиле пристап до мејловите на високо рангирани членови на компанијата.

Од компанијата во петокот изјавија дека нападот почнал во ноември 2023 година, а бил откриен на 12 јануари. Од „Мајкрософт“ сметаат дека зад нападот стојат истите хакери кои стоеле и зад големиот сајбер-напад во 2020 година, кога беа таргетирани над 200 големи фирми, организации и влади, вклучувајќи ги системите на американската и британската влада, „Мајкрософт“, НАТО и други.

Од „Мајкрософт“ велат оти мал број на мејл адреси биле хакирани и дека хакерите изгубиле пристап до истите еден ден по откривањето на сајбер-нападот, односно на 13 јануари.

Објавата на „Мајкрософт“ доаѓа месец откако во САД се изгласа закон кој ги обврзува компаниите чии акции се јавно достапни на берзата да ја информираат јавноста при упади на нивните податочни системи

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската...