fbpx

Таткото на убиената Вања останува во притвор

Одбиено е барањето на неговиот адвокат мерката затворски притвор да се замени со куќен

-

Александар Ѓорчевски, татко на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, останува во Истражниот затвор во Шутка, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Одбиено е барањето на неговиот адвокат мерката затворски притвор да се замени со куќен.

„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А. Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст. 2 вв ст. 1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје“, се вели во соопштението на Основниот кривичен суд.

Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, барањето за куќен притвор го достави на 9 јануари. Тој тогаш изјави дека таткото на Вања не е повикан во обвинителството да даде исказ, откако е почната истрагата.

„До надлежниот јавен обвинител е доставена ургенција за постапување, со оглед дека лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица преземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во период од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода. Дополнително, треба да даде исказ со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видеозаписите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан“, изјави Туфегџиќ.

Вања Ѓорчевска беше киднапирана на 27 ноември, а беше пронајдена убиена на 3 декември минатата година.

Ѓорчевски се сомничи дека тој наводно помагал на останатите четворица преку давање информации за неговата ќерка, односно за времето кога таа ќе оди на училиште, за да може да биде грабната. Нему првично му беше определен 48-часовен притвор, а потоа доби уште 30 дена во Истражниот затвор во Шутка, кој му беше продолжен.

Првоосомничениот за убиството, Љупчо Палевски Палчо, е во екстрадициски затвор во Турција и се чека на негова екстрадиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...