Слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните на Македонија, Србија и Албанија

Се очекува мерката да стане достапна за граѓаните во текот на март 2024 година

-

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан.

Директорот на Агенцијата за вработување Ведат Османи заедно со колегите од Србија и Албанија го потпишаа првиот Протокол за спроведување на условите за слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан.

„Со овие протоколи завршени се неопходни правни чекори за почеток на мерката, со што останува да се реализираат уште финалните технички тестирања и усогласувања во рамки на системите за е-услуги во трите држави. Се очекува мерката да стане достапна за граѓаните во текот на март 2024 година. Ја потврдивме подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестициите и вработување на Западен Балкан“, велат од Владата.

Потпишувањето на двата протокола значи и взаемна законска обврска за започнување на бесплатен пристап до пазарот на трудот.

Овој проект е во согласност со мисијата за соработка, и спроведување на четирите слободи, слободата на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги.

„Со цел да се обезбеди напредок и економски просперитет, земајќи ја предвид важноста на мобилност и на движењето на работниците, а почитувајќи ја имплементацијата на правото на ЕУ во областа на слободното движење на работниците и подготовката за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ, дозволуваме поедноставување на процедурите за слободен и еднаков пристап до пазарот на труд“, се вели во владиното соопштение.

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот...

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат...

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што...

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

„Одредете си цена за вашите деца“ - родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него...

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...