fbpx
Таг: хакерски напад

таг: хакерски напад

Групата АнонОпсМКД ги хакна веб-страните на министерствата за здравство и образование

Од Министерството за здравство информираат дека е хакирана нивната веб-страна, а во моментов не функционира и сајтот на Министерството за образование и наука. „Хакирана е и во моментов не функционира веб-страницата на ресорното министерство. Не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата“ соопштија од Министерството за здравство. Како што велат оттаму, во моментов се истражува што точно се случило. Одговорноста за...

Преземањето на агрегаторот „Тајм.мк“ во изборната ноќ е поврзано со некој од индексираните сајтови

На денот на изборите во земјава, веднаш откако заврши гласањето, во идентичен период кога требаше да се објави конечната излезност на изборите и првичните резултати, истовремено падна сајтот на ДИК и најчитаниот агрегатор на вести во земјава, time.mk. Како што напиша на својот Твитер профил, сопственикот на Тајм.мк, Игор Трајковски, нападот почнал нешто по 22:00 часот и во него постепено...

ДИК со конечни неофицијални резултати – СДСМ има два мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски на јавната седница на ДИК која се одржа околу 22 часа откако заврши гласањето ги соопшти конечните неофицијални резултати. Бројот на добиени мандати на политичките партии кои учествуваа на изборите е идентичен со објавените бројки во првичните неофицијални резултати: Коалицијата „Можеме“ освои 46, ВМРО-ДПМНЕ - 44, ДУИ - 15, Алијанса за Албанците...

Германија го активира механизмот на ЕУ за кибер-санкции – предлага мерки против руските хакери

Официјален Берлин побара примена на новиот механизам на ЕУ за санкции поради кибер напади, во врска со хакерскиот напад на ИТ системот на Бундестагот (германскиот парламент) во 2015 година. Ова ќе биде прв случај на активирање на механизмот на ЕУ усвоен во 2017 година, јави Германската новинска агенција, а нападот на Бундестагот пред пет години е дефинитивно најголемиот напад...

Твитер го затворил профилот на „Моќната грчка армија“ кој се фалеше дека хакирал во македонските министерства

Твитер-профилот со име „Моќна грчка армија“ (@PowerfulArmyGR) е „суспендиран“ односно затворен заради нарушување на правилата за користење на платформата. На 10 мај на тој профил беше објавен линк кон список со наводни адреси и лозинки на вработени во министерствата за финансии и економија на Република Северна Македонија. Владините претставници тврдеа дека се работи за стари податоци и дека истите не се...

Хакерски напад на веб-страницата на српски „Истиномер“, редакцијата поднесе кривична пријава

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Истиномер“ поднесе кривична пријава против непознати лица поради ДДОС нападот што бил извршен вчера на веб-страницата. Пријавата е поднесена во Одделението за високотехнолошки криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија. Нападот почнал нешто по 16 часот а сајтот бил соборен поради оптоварувањето со 30,5 милиони барања за отворање...

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега, хакерски напади во историјата на Германија, рекол дека уапсениот рекол оти не бил свесен за...

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург, а според неговиот блог, станува збор за истражувач на ИКТ-безбедност. Материјалите содржат и лични и партиски...

ИФИМЕС: На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа. На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција, покажува испитувањето на јавното мислење...

Вирусот „вонакрај“ можеби е дело на Северна Кореја

Компании за компјутерска безбедност велат оти постојат знаци дека Северна Кореја може да е поврзана со глобалниот кибер-напад преку вирусот „вонакрај“ (WannaCry), кој зарази неколку стотици илјади компјутери во повеќе од 150 земји. Според првичните заклучоци за изворот на масовниот хакерски напад со вирусот што ги заклучува документите и бара да се плати откуп за да ги отклучи, има многу...

Вирусот „вонакрај“ заразил повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји

Масовниот кибер-напад во петокот со компјутерскиот вирус „wannacry“ (вонакрај) погодил 200.000 жртви во 150 земји, вели шефот на Еуропол, Рон Вејнрајт за „Би-би-си“. Тој вели дека нападот бил многу голем, како и дека утре наутро може да има и нови напади. Вирусот е од категоријата „рансомвер“, што значи дека ги заклучува сите документи на заразените компјутери и ако корисникот сака...

„Гугл“ предупредува дека на веб-страницата на Иванов има штетен софтвер

Последниве денови, па и во моментот на обраќањето до јавноста кога ја соопштуваше својата одлука да не го додели мандатот на СДСМ, веб-страницата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, беше делумно блокирана, според предупредувањето што го даваше веб-прелистувачот „гугл хром“, но и „мозила фајерфокс“. Главната страница се отвора нормално, но при кликнување на која било содржина, за да ја...

Раководството на Русија стои зад хакерските напади, тврдат шефовите на американското разузнавање

Шефовите на разузнавачките служби на САД денеска предупредија дека Русија е најголемата закана за американските интереси и дека зад хакерските напади и објавувањето документи на Демократската партија на САД стои највисокото раководство на Русија. „Според нашите проценки, само највисоките руски функционери можеле да ги одобрат неодамнешната кражба и објавувањето податоци во врска со претседателските избори“, истакнаа денеска во заедничко соопштението до...