fbpx

ДИК со конечни неофицијални резултати – СДСМ има два мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

-

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски на јавната седница на ДИК која се одржа околу 22 часа откако заврши гласањето ги соопшти конечните неофицијални резултати. Бројот на добиени мандати на политичките партии кои учествуваа на изборите е идентичен со објавените бројки во првичните неофицијални резултати: Коалицијата „Можеме“ освои 46, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица – 2 и ДПА – 1 мандат.

Комисијата едногласно го усвои записникот со кои се прогласија овие резултати.

Деркоски го соопшти и бројот на гласови што ги добиле учесниците во изборите, кој, како што рече е утврден врз основа на податоците од Општинските изборни комиси (ОИК) и целиот изборен материјал.

Од вкупно 1.814.236 запишани избирачи во Избирачкиот список, гласале 942.334 гласачи. Бројот на неупотребени гласачки ливчиња е 869.889.

Важечки ливчиња се 910.868, а неважечки 31.466.

Со тоа, коалицијата „Можеме“ на СДСМ освоила 327.329 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и коалиција 315.344, ДУИ 104.587, АА-Алтернатива 81.297 гласови, Левица 37.551, ДПА 13.891 гласови, Интегра 12.291, ГДУ 3.555, МОРО 3.240, Глас за Македонија 2.801, Единствена Македонија 2.604 гласови, „Твоја“ 1.894, Демократи 1.556 и Народна партија на Роми 1.225 гласови.

Како што рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, на јавната седница, соопштувањето на резултатите малку подоцна во текот на денот во однос на претходните избори се должи на тоа што овојпат гласањето беше два часа подолго и им требало подолго време на Општинските изборни комисии (ОИК) да ги достават резултатите во ДИК. Тој уверуваше дека вчерашниот хакерски напад воопшто не влијаел на резултатите, оти тие се утврдуваат само на основа на записниците од ОИК.

Тој напомена дека станува збор за конечни неофицијални резултати, за кои има минимални или никакви шанси да се сменат по постапката која што следува. Носителите на листите сега имаат два рока за поднесување жалби, од кој едниот, за утврдување на резултатите истекува утре во 21 часот, а рокот за жалби за сумирање на резултатите изнесува 48 часа од вечерашната седница.

Деркоски рече дека изборните активности се одвивале непречено, среде тешка и комплицирана ситуација, кога владее пандемиската криза со корона вирусот. Тој демантираше дека хакерскиот напад од вчера ќе се одрази на резултатите, оти тие се утврдуваат во друга постапка, а не преку сајтот. Претседателот на ДИК кажа и дека комисијата го известила МВР за нападот и вработените од Секторот за компјутерски криминал биле денеска во ДИК и почнале истрага.

Веб-сајтот со резултатите, пак, се уште е паднат.

– Вчера вечерта се случи се случи хакерски напад на системот на ДИК, односно на нашиот сајт, кој предизвика не голема штета, туку мало нарушување. Притоа се појавија шпекулации и лажни вести како резултат на шпекулациите кои се ширеа, а јас во име на ДИк ги демантирам. ДИК работи врз основа на Изборниот законик во кој се предвидува како се се утврдуваа резултатите. Тоа е врз основа на записниците од ОИК, ДИК во текот на ноќта и денешниот ден постојано работеше и ги примаше. Траеше подолго, но од разбирливи причини, пролонгираниот рок за гласањето, па некои ОИК ги доставуваа записниците до пладне. ДИК, според Изборниот законик го утврдува резултатот само врз основа на записници и на ниеден друг начин не може да се утврди резултатот – рече Деркоски.

Тој уверуваше дека она што можело да се види на сајтот во реално време биле вистинити резултати, а порача дека некои скриншотови што се појавуваа на социјалните мрежи и во медиуми не се од серверот, туку „од некое друго место“.

– Овој пат ДИК се обиде да го забрза процесот набавувајќи софтверска аплкација, што ни помогна на сите со дистрибуција на резултати. Но за несреќа синоќа беше хакерски напад и не можевме да ги споделиме. Но она што го следевте во реално време беше вистиното – рече Деркоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...