fbpx

Хакерски напад привремено го прекина електронскиот попис во Бугарија

-

На првиот ден од електронското попишување во Бугарија, веб-сајтот за пописот беше нападнат од хакери и привремено беше прекинато попишувањето. Се работи на повторно ставање во функција на системот, а адресите од кои хакерите напаѓале се блокирани, јави бугарски „Дневник“, повикувајќи се на бугарскиот Национален статистички институт (НСИ). Во моментов не може да се отвори сајтот на НСИ.

Хакерскиот напад се случил околу 11 часот по бугарско време (10 часот по македонско време), а хакерите се идентификувани и блокирани се адресите од кои се врши нападот на серверите на НСИ, вели претседателот на НСИ, Сергеј Цветарски. Тој ја отфрли можноста да има истекување податоци и рече дека се превземени мерки против тоа.

„Нападите не се само обид да се извлечат податоци. Понекогаш тие се повеќе со цел блокирање на системот за тој да не може да работи нормално“, објасни Цветарски.

Најновиот попис во Бугарија, 18 по ред од 1871 година, ќе се врши електронски од денеска до 17 септември, а потоа – од 18 септември – ќе почне класичното попишување, со вкупно 27.000 попишувачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...