fbpx

МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на министерството е сигурна и етапно се враќа во функција

-

Електронскиот систем на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група Black Byte. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во министерството и оневозможување на тековните работни процеси.

МЗШВ, како што истакнаа во соопштението, уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните и даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад.

„Нападот е пријавен во Министервото за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција беа ставени сите системи на министерството. Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен“, рекоа од  министерството.

Вработените во секторот за информатички технологии на МЗШВ активно работат за целосно отстранување на проблемот. Поради превенција во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија.

Од МЗШВ  упатија и извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршат услугите. Дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот.

iKnow системот на УКИМ под хакерски напад, паднат е и сајтот на МОН

Божидар Доневски со говорот „Земјата плаче“ е победник на Ораторската вечер на УГД

Студентот Божидар Доневски од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип е победник на единаесеттата Ораторска вечер што ја организираше Правниот факултет на овој универзитет. Стручното жири за...
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
free online course
download xiomi firmware
Download WordPress Themes
lynda course free download