Фото. Исечок од видео

Жителите на Русија што утрово сакаа да го гледаат преносот од големата парада во Москва по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, беа изненадени кога на ТВ водичите на паметните телевизори наместо очекуваните содржини, насекаде беше испишана антивоена порака.

„На вашите раце има крв на илјадници Украинци и нивните стотици убиени деца. Телевизиите и властите лажат. Не на војната“ беше пораката на руски, пренесува Би-би-си.

Сменети биле содржините за најголемите канали, вклучувајќи ги Прв канал, Росија 1 и НТВ-Плус.