Наводни грчки хакери ја преземаа веб-страницата на МОН

фото: Принтскрин од веб-страница на МОН (www.mon.gov.mk)

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е под хакерски напад. Неколку часа на сајтот на ова министерство стоеше пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“ (HACKED BY GREEK HACKING TEAM NETWATCHERS).

Поради нападот не се отвораше ниту една потстраница на овој сајт, додека сите објавени линкови водеа кон Јутјуб видео со наслов „Познатата Македонија“ (Famous Macedonia).

Мета.мк неодамна во неколку наврати пишуваше за паѓањето на веб-страницата на МОН, за што упативме и прашања до оваа институција, од каде ниту еднаш не добивме објаснување за причините поради кои сајтот не фунцкионираше.

iKnow системот на УКИМ под хакерски напад, паднат е и сајтот на МОН