fbpx

САД и НАТО се подготвени да продолжат со дијалогот, Русија се спрема за напад на Украина

-

САД и НАТО се подготвени да го продолжат реципрочниот дијалог со Москва, се наведува во соопштението на Стејт департментот, по телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Финска и Шведска би можеле да се приклучат на Алијансата уште првиот ден по поднесеното барање, а дискусиите за ова би можеле да започнат доколку Русија ја ескалира ситуацијата во Украина. Тој во интервјуто за финскиот јавен радиодифузен сервис изјави дека рускиот напад врз Украина ќе отвори дискусија во Финска и Шведска околу нивното пристапување во НАТО.

Јуроњуз јавува за петочниот брифинг за медиумите на Белата куќа за состојбата во Украина.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Русија ги поставува основите за да има можност да измисли изговор за инвазија на Украина.

„Загрижени сме што руската влада се подготвува за инвазија во Украина што може да резултира со широко распространето кршење на човековите права и воени злосторства доколку дипломатијата не ги исполни нивните цели“, изјави Псаки на брифингот.

Предупредувањето од Вашингтон доаѓа откако во четвртокот украинската влада беше погодена од масовен сајбер-напад, при што паднаа десетина веб-страници на неколку владини оддели.

„Украинци! Сите ваши лични податоци се поставени на јавниот интернет. Плашете се и очекувајте го најлошото. Ова е за вашето минато, вашата сегашност и вашата иднина“, пишувало на хакираната страница на украинското МНР.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина Олег Николенко рече дека истрагите се „во тек“, но дека безбедносните служби добиле „прелиминарни показатели“ кои сугерираат дека зад нападот стојат хакери поврзани со руските тајни служби.

Предупредувањето на САД доаѓа по неуспешните преговори меѓу Русија и САД во Европа, со цел да се запре ескалацијата на кризата.

Русија побара НАТО да не се проширува кон Украина или другите поранешни советски држави, но САД ги одбија таквите барања.

Сепак, САД соопштија дека се подготвени да преговараат со Москва околу евентуално идно распоредување на офанзивни ракети во Украина и поставување ограничувања на воените вежби на САД и НАТО во Источна Европа.

Во меѓувреме, весникот Гардијан во својата репортажа од Киев, опишува дека украинските граѓани се подготвени да се борат при евентуална руска инвазија, посочувајќи дека во досегашниот конфликт при анексијата на Крим и источниот дел на Украина животот го имаат изгубено речиси 14.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...