Photo by Bermix Studio on Unsplash

Веб-сајтот на парламентот на Црна Гора, вчера, за време на одржувањето на парламентарните избори во земјата, бил цел на хакерски напад. Поради тоа веб-сајтот бил блокиран од 8.29 до 10.07 часот наутро, потврдија црногорските власти.

Засега нема објаснување кој е извршител на нападот, ниту се знае како точно бил извршен нападот.

И порталот на весникот „Вијести“ вчера соопшти дека еден месец наназад бил цел на ДДоС напади, поради коишто било отежнато функционирањето на сајтот. Хакерски напади пријавиле и ЦдМ и порталот Аналитика.