fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места. „Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус со број 19. Поради метежот,...

Град Скопје со повик ќе избира приватни автобуски превозници

На ден пред најавените блокади од приватните превозници на улиците, скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска информираше дека Градот Скопје ќе објави нов јавен повик на којшто ќе може да се пријават сите заинтересирани возачи кои и досега возеле на градско-приградските линии. Арсовска најави дека ЈСП-Скопје во иднина ќе им префрла директно средства за извозените километри на линиите, со што...

Приватниците не возат, денеска беа на протест пред Град Скопје, најавуваат и блокади

Возачите на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска ги паркираа автобусите пред седиштето на Град Скопје на булеварот „Илинден“, барајќи средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. Од денеска ниту еден приватен превозник не сообраќа на градските и приградските линии од јавниот превоз. Поради ова, на постојките и во автобусите на ЈСП се создава гужви, додека некои од...

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, приватните превозници се закануваат со протести

По денешната средба меѓу „Слобода превоз“ и Градот Скопје, не е постигнат договор за исплата на долгот на градските власти кон приватните превозници. Околу 1 милион евра должи ЈСП-Скопје кон приватните превозници, што доведе до тоа „Слобода превоз“ утрово да прекине со сообраќај на линиите 9, 12, 22, 23 и 45. ЈСП Скопје денеска остана единствен превозник на овие...

Владата наместо Град Скопје би ги градела пречистителната станица, автобуското метро и другите капитални проекти

Владин тим работи во рамките на своите надлежности за да ги доврши започнатите капитални проекти во Градот Скопје, информираше премиерот Димитар Ковачевски. Тој најави дека Владата ќе ги преземе ингеренциите од скопската градоначалничка Данела Арсовска за реконструкцијата на Универзалната сала, но и за пречистителната станица за отпадни води, брзиот автобуски систем, клучката кај Момин поток, патот за Визбегово и...

„Слобода превоз“ денеска не вози низ Скопје, ЈСП со автобуси ги заменува на пет линии

Скопјани утрово повторно имаа проблеми со јавниот превоз поради тоа што на линиите што ги одржува „Слобода превоз“ не возат нивните автобуси. Приватните превозници од „Слобода превоз“ не возат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси. Претставници на „Слобода превоз“ денеска се на разговор за решавање на...

Од утре ќе нема приватни автобуси на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 ако денеска не се најде решение за долгот?

Од утре „Слобода Превоз“, претпријатието на приватните автобуски превозници во Скопје нема да вози на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси, ако денеска до крајот на денот не се најде решение за долгот од отприлика милион евра. Ленин Јовановски го обвини ЈСП Скопје за неисплаќање на парите од...

Со почести и средби одбележан 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје

Честитки по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје денеска упатија државните и локалните власти. Премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка изрази почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град. „Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на...

Во гаража 77 автобуси на „Макекспрес“, линијата 19 четири месеци не го исполнила обемот на услуги од 80%

77 автобуси на приватниот превозник „Макекспрес“ остануваат во гаражи. Град Скопје вчера го поништи договорот кој важеше до крај на 2023 година, затоа што според нив, автобусите на линиите број 19, 20, 22, 52 и 54 не ги испочитувале предвидените услови за квалитетни услуги. Од ЈСП велат дека овие линии ќе бидат заменети со нивни автобуси и возачи, пишува...

ЈСП Скопје го раскина договорот со превозникот „Макекспрес“

Јавното Сообраќајно Претпријатие - Скопје го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“. Од оваа компанија пред седум дена престанаа да ги пуштаат автобустите да сообраќаат поради долгот од половина милион евра кои им ги должи Градот. Како што соопшти Град Скопје, наводна причина за раскинување на договорот не била тоа што им должи пари на приватните превозници, „непочитување на обврските...

Циркузи во Советот на град Скопје: Кој кому ги украл микрофоните за водење седница?

Обвинувања, навреди, полиција и прекинување на седницата е денешниот епилог од собирањето на советниците од Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска заради одговарање прашања од интерес на граѓаните. Денот во Град Скопје започна со обвинување на претседателот на Советот, Трајко Славески, дека му се украдени микрофоните од страна на Данела Арсовска, па продолжи со повикување полиција од Данела...

Јавниот превоз во Скопје и понатаму во хаос, градот не им исплаќа на приватните превозници

Приватниот превозник на автобуски јавен превоз „Макекспрес“ и денеска не ги пушти во сообраќај линиите 19, 20, 22, 52 и 54, бидејќи, како што велат, не добиле пари од Град Скопје. Од канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, пак, обвинуваат дека кај „одредена група на приватни превозници“ регистрирале низа неправилности и поради оваа причина може да дојде до промена на...

АНАЛИЗА: ЈСП вози сè помалку патници, а има енормно зголемени расходи [инфографик]

Протестот на вработените од ЈСП-Скопје и вчерашниот сообраќаен хаос во главниот град е уште еден индикатор за алармантната состојба во која се наоѓа скопскиот јавен превоз. Енергетската криза со енормното зголемување на цените на нафтата и метанот, заедно со силното намалување на бројот на превезени патници со ковид-19 пандемијата, доведува до уште поитна потреба од капитални инвестиции во јавниот...

Штрајкува ЈСП: Студенти не стигнаа на предавања, граѓани пропуштаат ден од работа и термини на лекар

Таблите со информации за возниот ред на автобуските станици ги најавуваат автобусите на ЈСП кои утрово останаа паркирани во автобазите. Главниот град за прв пат во историјата откако има јавен транспорт остана без него. Синдикалците од ЈСП најавија дека ќе продолжат со протестите сè додека не им биде исплатена платата, а граѓаните кои немаа можност да патуваат со автомобили,...

Возачите ја чекаат платата најдоцна до утре, ЈСП и понатаму се надева на Владата

Синдикалците на ЈСП Скопје, одлучија да му дадат нов рок на Јавното сообраќајно претпријатие, до утре (19.10.2022 г.) да им ја исплати заостанатата септемвриска плата. Во спротивно, како што велат, автобускиот превоз во Скопје ќе биде прекинат. Ветување дека до утре ќе биде исплатена платата, наводно, дало раководството на ЈСП Скопје, но под услов парите да ги обезбеди владата. Тие соопштија...

Хаос со автобуската линија број 19, за еден час не сообраќале дури 7 автобуси, Град Скопје од август не им исплатил средства за превоз

Приватните автобуси од линијата 19, кои сообраќаат во рамките на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утрово не возеа според предвидениот возен ред. Десетици граѓани беа принудени да пешачат и километри за да патуваат со други линии, а други пак беа принудени да се вратат дома. Од компанијата „МАКЕКСПРЕС“ велат дека Град Скопје од август не им ги исплатил предвидените средства,...

Скопјани ќе треба од утре да потпишат нови договори за парно греење со ЕСМ Снабдување

Корисниците на централното парно греење во Скопје од утре ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување, која е компанијата што го презема снабдувањето со топлинска енергија од БЕГ. Од понеделник потрошувачите ќе бидат известени за потребата од нивно префрлување од претходниот на сегашниот снабдувач со топлинска енергија, за што сопствениците на објекти ќе треба да се обратат...

Милениците да можат да се возат во јавен превоз, нова иницијатива до Градот Скопје

Советниците на Зелен хуман град започнаа иницијатива со гласање до Советот на Градот Скопје да се дозволи сопствениците на миленици заедно да користат јавен транспорт. Се бара измена и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, преку што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се...

Возењето без пари по автобуси и возови звучи идеално, но може да направи и проблеми

Во услови на ценовни поскапувања под притисокот на енергетската криза, ветувањето за бесплатен јавен превоз во Скопје никако да се истисне од дневниот интерес на граѓаните. Идејата за олеснување на патувањата на граѓаните во услови на намалување на животниот стандард е тема која што е актуелна и во европските земји, откако летово Германија воведе месечен билет за 9 евра...

В недела по 18. пат ќе се одржи Скопскиот маратон, пријавени се над 8.000 учесници

На 02.10.2022 (недела) точно во 8 часот наутро ќе стартува 18. издание на Скопскиот маратон. Трките кои секоја година се дел од големиот спортски настан во државата, - маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, - „ЕУ за спортот“ и трката на 5 км, овој пат ќе се одвиваат по делумно изменети патеки. Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...