fbpx

„Слобода превоз“ денеска не вози низ Скопје, ЈСП со автобуси ги заменува на пет линии

-

Скопјани утрово повторно имаа проблеми со јавниот превоз поради тоа што на линиите што ги одржува „Слобода превоз“ не возат нивните автобуси. Приватните превозници од „Слобода превоз“ не возат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси. Претставници на „Слобода превоз“ денеска се на разговор за решавање на нивните барања за исплата на долгот од отприлика еден милион евра што ЈСП-Скопје го има кон приватните превозници.

„Слобода превоз“ денеска продолжи да сообраќаа на приградските линии 11, 11а, 47а, 55, 61, 63 и 73, поаѓајќи од фактот дека овие линии целосно ги одржуваат приватните превозници и со нивното несообраќање би можело граѓаните да бидат целосно отсечени од градот.

Од Градот Скопје претпладнево стигна соопштение во кое се наведува дека автобуси на ЈСП Скопје сообраќаат редовно и без задоцнување на линиите 9, 12, 22, 23 и 45. Градските власти велат дека приватниот превозник „Слобода превоз“ мора да ги почитува договорените обврски од јавен интерес.

„Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Пред само две недели, Градот Скопје го поништи договорот со другиот приватен превозник во Скопје – „Макекспрес“, кој важеше до крајот на 2023 година, затоа што според нив, автобусите на линиите број 19, 20, 22, 52 и 54 не ги испочитувале предвидените услови за квалитетни услуги. ЈСП Скопје наместо автобусите на „Макекспрес“ се одлучија да пуштат нивни автобуси и возачи за одржување на овие линии.

Во гаража 77 автобуси на „Макекспрес“, линијата 19 четири месеци не го исполнила обемот на услуги од 80%

Претходно, на 20 октомври утрото автобусите на ЈСП Скопје останаа во базите на ова претпријатие и не сообраќаа на градско-приградските линии поради тоа што работниците од ЈСП си ја бараа заостанатата септемвриска плата.

Автобусите на ЈСП се враќаат на улиците, вработените утре ќе добијат плата

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...