fbpx

В недела по 18. пат ќе се одржи Скопскиот маратон, пријавени се над 8.000 учесници

-

На 02.10.2022 (недела) точно во 8 часот наутро ќе стартува 18. издание на Скопскиот маратон. Трките кои секоја година се дел од големиот спортски настан во државата, – маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, – „ЕУ за спортот“ и трката на 5 км, овој пат ќе се одвиваат по делумно изменети патеки.

Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната прес-конференција најави дека учесниците на трката на 5 км ќе тргнат од „Рекорд“ и ќе трчаат во правец на Аеродром, додека тркачите на маратон, полумаратон и штафетниот маратон ќе стартуваат од старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ во правец на плоштад и продолжуваат преку ул. „Теодосиј Гологанов“ кон Хром.

Синадиновски рече дека новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација.

„Целта е плоштадот ‘Македонија’, со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот“, изјави Синадиновски.

На маратонот се пријавиле над 8.500 учесници од 47 земји.

Скопскиот маратон, кој традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, се организира со поддршка на бројни спортски клубови и асоцијации, а под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Делегацијата на Европската Унија.

Организаторите најавија и дека сите кои нема да бидат во можност маратонот да го проследат на скопските улици, ќе можат да го гледаат во живо на официјалниот профил на Македонскиот Олимписки Комитет на Јутјуб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...