fbpx

Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

-

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места.

„Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус со број 19. Поради метежот, возачот ја смени трасата и сврте на детелинката по „Никола Карев“ (Пластичарска). Таму беше „тргни-застани“. Потоа сврте на крстосницата кај Американската амбасада, па преку Кале стаса до мостот „Гоце Делцев“, каде што воопшто немаше застој во сообраќајот“, вели скопјанецот С.С.

Приватните превозници вклучени во јавниот линиски превоз, утрово целосно ги блокираа сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Повеќе од 200 возачи од приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, ја блокираа крстосницата со повеќе од 30 автобуси.

Овие превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Бараат да им се исполнат барањата кои ако не се решат во наредните денови, блокадите ќе се прошират и на други делови од сообраќајниците во Скопје. За денеска е најавена и средба на претставници на „Слобода превоз“ и на ЈСП Скопје, а приватните превозници најавија дека ќе присуствуваат и на седницата на Советот на Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...