fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

НаТочак и Зелен хуман град со предлози до Арсовска за градскиот буџет за 2022 година

Иницијативата НаТочак испрати писмо до скопската градоначалничка Данела Арсовска, градските советници и стручните служби во Град Скопје, со кои се потсетуваат на 11 предлози кои тие сметаат дека треба да бидат опфатени во градскиот буџет за 2022 година. НаТочак од Буџетот на Град Скопје за 2022 година бара 70 милиони денари за реконструкција на пешачката и велосипедската инфраструктура, а 30...

Воведен бесплатен јавен превоз и серија мерки поради аерозагадувањето во Скопје

Градот Скопје, поради аерозагадувањето, денеска воведе серија мерки за граѓаните, што ќе бидат на сила додека аерозагадувањето со ПМ-10 честички не се намали под 100 микрограми на кубен метар. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и приватните превозници, зајакнат инспекциски надзор, ограничување на градежните активности на објектите под надлежност на Град Скопје и интензивна контрола на градилиштата се само...

Надминат е прагот за алармирање од ПМ-10 честички во воздухот во Скопје и Струмица

Граѓаните дишат енормно загаден воздух изминативе денови, а институциите и политичките партии си ја префрлаат меѓусебно вината за аерозагадувањето во Скопје, но и во останаттие градови. Од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево информираа дека е надминат прагот на алармирање за суспендирани ПМ-10 честички во воздухот, поради тоа што во текот на два последователни дена е надмината вредноста...

ЕБОР за БРТ-то во Скопје: Проектите се предмет на многу детална проверка пред да ги одобриме

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) презема многу сериозна одговорност во однос на транспарентноста на проектите кои ги поддржува, како и за информирање на јавноста, се вели во одговорот од ЕБОР до Мета.мк на прашања за реализацијата на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ во Скопје на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Новата градоначалничка на...

ЈСП планира да ја пушти во функција жичарата на Водно до Нова година

По речиси две години нефункционирање поради ковид-19 пандемијата, новото градско раководство денеска информираше оти планираат жичарата на Водно да ја пуштат во употреба до Нова година. На денешниот брифинг со новинарите, новиот директор на ЈСП-Скопје Иван Илиевски рече дека се дезинфицираат кабините, се проверуваат техничките можности на жичарата и хортикултурно се уредува зеленилото по трасата, за да може да профункционира...

За СДСМ одлуката за БРТ-то на Арсовска е скандалозна, за ВМРО тоа е проект со сомнеж за корупција

По донесената одлука на новото раководство на Градот Скопје да ја стопира тендерската постапка за избор на изведувач на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ во Скопје, со своја реакција денеска излегоа од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција рече дека е скандалозен потегот на градоначалничката Данела Арсовска да го прекине проектот...

Казна од 88.000 евра за нелегално фрлање отпад во Вардариште

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88.000 евра за фрлање на отпад во Вардариште, соопштија од Град Скопје. Според извештајот на инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица, кои не се именувани во соопштението, нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните,...

Град Скопје: Тендерот за изградба на првата БРТ-линија е стопиран, нема понуди од компании

Вчера заврши првата фаза од тендерската постапка за изградба на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Тендерската постапка што е објавена на веб-страницата на ЕБОР предвидуваше заинтересирани компании за учество на тендерот до Градот Скопје да ги достават своите претквалификациски понуди. Од Градот Скопје за Мета.мк информираат дека тендерската постапка е стопирана...

Градот Скопје молчи за развојот на топловодната мрежа, Регулаторна со свој предлог

Новата градска администрација речиси еден месец не одговара на прашањата поставени од Мета.мк во однос на идниот развој на топловодната мрежа во Скопје. Владата во јули 2019 година ја донесе одлуката на Град Скопје да му ја даде на трајно користење топловодната мрежа, со која требаше да управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски...

Прашање без одговор од општините: Колку дрвја ќе посадите за спречување на климатските промени

Едно од најактуелните прашања во светот не е само колку државите со своите национални планови за климатска акција ќе успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови, туку и колку локалните власти и другите чинители во општествата ќе им се придружат на државните власти во запирање на глобалното затоплување и во почитување на Климатскиот пакт од Глазгов и Парискиот...

Владата засега не добила информација од Град Скопје за прекинување на тендерот за БРТ-то, став допрва ќе гради

Владата на РСМ и Министерството за финансии засега немаат добиено информација од Градот Скопје дека планираат да ја прекинат реализацијата на проектот за воведување Бас рапид транзит - БРТ во Скопје, односно дека се откажуваат од автобуското метро. „Доколку Владата и Министерството за финансии добијат официјално известување од страна на Град Скопје, дополнително ќе се произнесат за истото и воедно...

Експертите ѝ порачуваат на Арсовска во однос БРТ системот: Не брзајте со стратешки одлуки!

За 1% пропадна референдумот за воведување на трамвај во Скопје кон крајот на 1980-тите години, по што беа потребни 30 години за да почне повторно да се спроведува постапка за воведување на алтернативен јавен превоз во главниот град. Не брзајте со одлуките, е ставот на експертите по вчерашната изјава на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека нема да го реализира...

Данела Арсовска ја презеде градоначалничката функција од Петре Шилегов

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник при што победничката кандидатка Данела Арсовска ја презеде функцијата од Петре Шилегов. Таа ќе биде првата жена која ќе раководи со главниот град од осамостојувањето до денес, како и прва градоначалничка по 73 години откако Вера Ацева била избрана на оваа функција во далечната 1948 година. Арсовска на...

Скопјани ќе предлагаат зелени проекти што мислат дека треба да се финансираат од градскиот буџет

Граѓаните и граѓанските организации во следните денови можат да достават свои предлози за зелено и хумано Скопје, кои мислат дека треба да бидат финансирани од градскиот буџет за идната година. Зелен хуман град најави дека повторно ќе организира граѓански буџетски форум на кој ќе бидат презентирани пристигнатите идеи. Предлозите може да се поднесат преку платформата „МојГрад“, а трите кои...

ДИК: На третина пребројани гласови во Скопје, Арсовска води пред Шилегов со над 13.000 гласови

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска води со над 13.000 гласа пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов. На преброени 33,69 отсто од гласовите на Државната изборна комисија (ДИК), Арсовска има 41.972 гласови пред Шилегов којшто има добиено 28.771 гласови. По скопските општини, во моментов Шилегов води во општините Центар, Сарај и Чаир, додека Арсовска има водство во општините Карпош, Шуто...

Петре Шилегов: Во вториот круг влегуваме изедначено

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес-конференција посочи дека вчера имало успешен демократски ден и празник на демократијата. „Драги скопјанки и скопјани, вчера имавме успешен демократски ден и празник за демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам да се заблагодарам за поддршката...

Град Скопје со парични донации за настраданите во пожарот во Тетово

На седницата на Советот на Град Скопје денеска беше изгласана одлуката за доделување на парична помош на семејствата на настраданите поради трагичниот настан што се случи пред еден месец, информираат од Град Скопје. „Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за секое загинато лице на семејство ќе додели парична помош...

Град Скопје: Во депонијата Дрисла не се согорува опасен отпад без дозвола

По денешната прес-конференција на директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски, на која тој посочи дека депонијата Дрисла не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, реакција стигна од Градот Скопје. „Во ЈП Дрисла освен медицински отпад кои се третира согласно предвидените процедури, не се согорува друг вид опасен отпад без дозвола“, наведуваат од Град...

Вистиномер: Крајот од мандатот – каква е судбината на 20-те најважни ветувања на Шилегов

Во кампањата за локалните избори во 2017 година и на почетокот од градоначалничката функција Шилегов најави амбициозни проекти. Некои од ветените проекти се исполнети – главно изградба и реконструкција на сообраќајници, но дел се покажаа преоптимистички за изведување, а имаше и такви кои беа нереални од кои Шилегов се откажа, пишува „Вистиномер“ во анализата, од која подолу пренесуваме дел. Тука...

Град Скопје изрече казна од 1.800 евра на Општина Кисела Вода за исеченото дрво

Поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“, Инспекторатот на Град Скопје денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра, соопштија од Град Скопје. На социјалните мрежи денеска имаше бројни реакции за сечењето на дрвото. Градската управа вели дека дрвото е исечено без дозвола од Град Скопје и поради тоа е изречена...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...