fbpx

Вистиномер: Крајот од мандатот – каква е судбината на 20-те најважни ветувања на Шилегов

-

Во кампањата за локалните избори во 2017 година и на почетокот од градоначалничката функција Шилегов најави амбициозни проекти. Некои од ветените проекти се исполнети – главно изградба и реконструкција на сообраќајници, но дел се покажаа преоптимистички за изведување, а имаше и такви кои беа нереални од кои Шилегов се откажа, пишува „Вистиномер“ во анализата, од која подолу пренесуваме дел.

Тука се и спуштената раскрсница кај Мавровка, пробивањето на Илинденска кон Ѓорче Петров, тунелот под Кале.

Сепак, ова не беше обичен градоначалнички мандат – ни за Шилегов, ни за неговите колеги низ државата. Значителна пречка при комплетирањето на исполнувањето на ветувањата одигра пандемијата, при што мерките за нејзино ублажување и надминување ставија клин во плановите за имплементација на многу проекти.

Намалените и пренасочени буџетски средства и редица други потешкотии, кои се појавија како последица од ковид-19, доведоа до тоа најамбициозните проекти да не можат да се исполнат. Дел од крупните ветувања, како обновувањето на Универзална сала и висечкиот мост на „Љубљанска“ во Карпош 4, почнаа во „очи на изборите“  и јасно е дека нивната целосна изградба ќе го надмине мандатот на Шилегов. Во овие четири години не се случи ветеното заживување на Езерото Треска, што беше означено како стратешки приоритет. Скопјани сѐ уште не го добија новиот забавен парк. Шилегов сега го ветува во кампањата за овие локални избори и уверува дека тоа ќе биде „најубавиот забавен парк во регионот, убедливо и еден од најубавите забавни паркови во Европа“

Кога есента 2017 година социјалдемократот Петре Шилегов ја бараше довербата за челната позиција во Скопје ветуваше функционален и „паметен“град, поквалитетен живот,  системастски пристап и решенија кои трајно ќе ги решат проблемите во комуналната и сообраќајната инфраструктура. Во својата „изборна програма за новото Скопје“ тогаш најави  „почеток на новата ера во развојот на нашиот град“.

Но, дали сега по четири години – на крајот од мандатот на градоначалникот Шилегов, може да се каже дека Скопје доживеал епохален развој?

Целиот текст може да го прочитате тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...