петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: ПетреШилегов | 59 резултати

Петре Шилегов: Во вториот круг влегуваме изедначено

18 октомври 2021

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес-конференција посочи дека вчера имало успешен демократски ден и празник на демократијата. „Драги скопјанки и скопјани, вчера имавме успешен демократски ден и празник за демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам […]

Вистиномер: Крајот од мандатот – каква е судбината на 20-те најважни ветувања на Шилегов

10 октомври 2021

Во кампањата за локалните избори во 2017 година и на почетокот од градоначалничката функција Шилегов најави амбициозни проекти. Некои од ветените проекти се исполнети – главно изградба и реконструкција на сообраќајници, но дел се покажаа преоптимистички за изведување, а имаше и такви кои беа нереални од кои Шилегов се откажа, пишува „Вистиномер“ во анализата, од […]

Младинските организации се сретнаа со градоначалникот Шилегов

2 септември 2021

На иницијатива на Град Скопје, Националниот младински совет на Македонија денеска одржа консултатитвна средба за приоритетите и потребите на младите од главниот град. На средбата во канцелариите на „МладиХаб“ присуствуваа претставници од неколку младински организации кои пред градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ги истакнаа своите мислења за градските младински политики, но и укажаа каде градот […]

Почна изградбата на новиот мост меѓу Карпош 4 и Бардовци

26 август 2021

Изградбата на новиот висечки мост на улицата Љубљанска е во тек, информираат градските власти. Овој мост треба да го поврзе булеварот Илинден во Карпош 4 со улицата Скупи во Бардовци, ќе има четири коловозни ленти во двата правци, со пешачки и велосипедски патеки, ќе биде долг 113 метри, додека вкупната должина на сообраќајницата ќе биде […]

Вистиномер: Направена е реконструкција на источниот влез во Скопје

4 август 2021

Ветување: Проширување на „Александар Македонски“ [Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.19 – датум, октомври 2017 г. ]   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за проширување на булеварот „Александар Македонски“, дадено во предизборието за локалните избори во 2017 година, е исполнето, пишува Вистиномер.мк. Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма „Живот […]

Вистиномер: Булеварот „Никола Карев“ доби четири ленти од Бит-пазар до Момин Поток

1 август 2021

Ветување: Проширување на булеварот „Никола Карев“ [Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.19 – датум, октомври 2017 г. ]   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за локалните избори (октомври 2017г.), на кои како кандидат на СДСМ ја бараше довербата за градоначалничката функција во главниот град, вети проширување на  булеварот „Никола Карев “. Ова ветување на Шилегов, наведено во […]

Вистиномер: Кејот на Вардар кај ГТЦ со нов лик

29 јули 2021

„Вистиномер“ го анализираше ветувањето на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за целосно нов изглед на кејот на Вардар кај ГТЦ. Анализата подолу ја пренесуваме во целост:   Ветување:  Кејот на Вардар кај ГТЦ е претворен во сообраќаен хаос, каде што возилата се движат врз руиниран плочник и постојано им пречат на гостите во рестораните и на […]

Шилегов е задоволен од својот актуелен рејтинг, ВМРО-ДПМНЕ го „мери“ својот кандидат за изборите

21 јуни 2021

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е задоволен од својот актуелен рејтинг меѓу граѓаните на главниот град во пресрет на одржувањето на локалните избори есенва. Тој денеска ја коментираше анкетата спроведена од Меѓународниот републикански институт – ИРИ, велејќи дека 31 отсто од граѓаните се задоволни од него и тоа е многу во политиката. Во одговор на новинарско […]

Отворен Дино паркот во Скопје – 41 реплика со движења и звуци ќе ги забавуваат граѓаните [галерија]

29 мај 2021

Скопје доби нова туристичка атракција, Дино паркот лоциран веднаш до скопската зоолошка градина синоќа беше официјално отворен за посетители. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, […]

Во Скопје одбележан Денот на пожарникарите – 20 Мај

20 мај 2021

Во кругот на Противпожарната станица во Автокоманда, денеска свечено беше одбележан Денот на пожарникарите – 20 Мај, информираат од Град Скопје. Командантот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски, пред построените пожарникари му поднесе рапорд на градоначалникот Петре Шилегов. Градоначалникот Шилегов рече дека пожарникарите отсекогаш биле и секогаш ќе останат хероите на градот, а нивната хуманост останува […]

Градот го почна отстранувањето на првата галија од коритото на Вардар, сопственикот негодува

5 април 2021

Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар. Станува збор за галијата поставена спроти хотелот „Холидеј ин“, информираат градските власти. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство […]

Со нови контејнери во Скопје, годинава ќе се зголемува селекцијата на стаклениот отпад за 20 отсто

16 март 2021

Нови 60 садови за одлагање на стаклена амбалажа ќе бидат поставени во скопските општини Гази Баба и Аеродром, со цел преку зајакнатата отпадна инфраструктура да се дејствува кон подигање на свеста на граѓаните за рециклирање на стаклото како амбалажен материјал и за ангажирање на експерти што ќе создадат соодветен модел за рециклажа на стакло што […]

Реконструкцијата на Универзална сала ќе започне во мај, ќе се задржи стариот лик

1 март 2021

Во мај годинава ќе започне реконструкцијата на Универзална сала, откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи. Таа ќе остане во автентичниот изглед, во постојниот облик и големина, за и понатаму да биде во колективната меморија како симбол на солидарноста. Тоа го посочи премиерот Зоран Заев, кој заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска […]

Започна реконструкцијата на Кејот „13 Ноември“, ќе трае четири месеци

19 февруари 2021

Со проект вреден 88,6 милиони денари со вклучен ддв, ќе се реконструира Кејот „13 Ноември“, покрај реката Вардар, од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Уредувањето на површината од околу 12.500 квадратни метри предвидено е да заврши за четири месеци, односно пред почетокот на летната сезона, соопштија денеска на заедничка прес-конференција по повод […]

Ќе се чисти депонијата Визбегово од 50.000 кубни метри различен отпад

25 декември 2020

Ќе се чисти депонијата Визбегово, децениски проблем на Скопје и еден од поголемите причинители на загадувањето на воздухот. Активностите денеска ги најавија министерот за животна средина Насер Нуредини, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалниците на Бутел и Шуто Оризари, Велимир Смилевски и Курто Дудуш, откако вчера Државниот инспекторат за животна средина на лице место […]

Скопските градоначалници заедно ќе делуваат против нередот и загадувањето

2 декември 2020

Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на сите 10 скопски општини денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата. „Од денеска, инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари од Град Скопје, заедно со инспекторите и редарите од сите скопски општини од денеска се еден заеднички тим. Тимот го […]

Одбележан 13. Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје (галерија)

13 ноември 2020

По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во придружба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел. Во чест на борците кои на 13 ноември 1944 година ја донесоа […]

Обезбедени средства за реконструкција на Универзална сала во постојниот облик и габарит

7 ноември 2020

Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2020 година од страна на парламентарното мнозинство на предлог на Владата, за реконструкција на Универзална сала се предвидоа 120 милиони денари буџетски средства. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти плановите на Град Скопје за реконструкција на објектот на Универзалната сала. – Со обезбедувањето на буџетските средства […]

Не е само Вардариште депонија, туку целото корито на Вардар кон Јурумлери и излезот на Скопје

7 ноември 2020

Поранешната депонија Вардариште, која и денеска е горлива еколошка точка за граѓаните на општините Аеродром и Гази Баба, ги скара скопскиот градоначалник Петре Шилегов со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Власта и опозицијата се караат, а на терен може да се забележи секојдневно фрлање на ѓубре на целиот потег од Вардариште кон Јурумлери и останатите населби на […]

Шилегов: Универзална сала нема да се руши, ќе се реконструира

29 октомври 2020

Универзална сала нема да се руши, туку таа ќе се реконструира, а нова концертна сала ќе се гради на друга локација. Ова го изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на седницата на Советот на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи. „Постојниот објект ќе се […]

Страна 1 од 3