fbpx

Вистиномер: Булеварот „Никола Карев“ доби четири ленти од Бит-пазар до Момин Поток

-

Ветување: Проширување на булеварот „Никола Карев“

[Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.19 – датум, октомври 2017 г. ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за локалните избори (октомври 2017г.), на кои како кандидат на СДСМ ја бараше довербата за градоначалничката функција во главниот град, вети проширување на  булеварот „Никола Карев “. Ова ветување на Шилегов, наведено во неговата изборната програма„Живот во Скопје за сите!“,  во рамките на проектот:  „Нови сообраќајни решенија го решаваме градскиот метеж!“ (стр.19), е исполнето.

Реконструкцијата на овој булевар се одвиваше во две фази и таа е целосно завршена. Деновиве финишираа градежните работи на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин Поток, во вкупна должина од 980 метри, а на 17 јули оваа делница беше официјално пуштена во употреба.

Фото: skopje.gov.mk

Булеварот сега има 4 сообраќајни ленти, со разделно зеленило и мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни. Поставена е и нова атмосферска канализација, лед осветлување, а на потегот кај ридот изграден е потпорен ѕид во должина од 690 метри. Вкупната инвестиција на втората фаза од изградбата на оваа сообраќајница, која почна на крајот  на минатата година (декември 2020), изнесува околу 160 милиони денари.

Станува збор за исклучително фреквентна сообраќајница која е најмногу искористена од жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница користена е и од оние што само минуваат низ овој дел на градот. Оваа сообраќајница ќе се надоврзе и на новата клучка кај Момин Поток чија изведба ќе започне наредната недела, а со нејзиното завршување очекуваме значително да се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот – изјави Шилегов на официјалното отворање на булеварот.

Реконструкцијата на булеварот „Никола Карев “ стартуваше во декември 2019 година, а во мај 2020 година заврши првата фаза од проширувањето на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, со вкупна должина од 1.440 метри.

Фото: skopje.gov.mk

„Вистиномер“ минатата пролет го анализираше  ова ветување на Шилегов и тогаш го оцени како делумно исполнето. Сега со проширувањето и пуштање во употреба на втората делница од булеварот – од крстосницата кај касарната „Илинден“ до клучката кај Момин Поток, ветувањето го сметаме за исполнето.

 

*****

Инаку, прширување на булеварот „Никола Карев“, ветуваше и претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски за локалните избори во 2013 година. Тогаш тој во неговата изборна програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“ , ( стр. 55), вети дека проширувањето на овој булевар ќе биде направено во периодот (2013-2015) година, но тоа не се случи.

 

ИЗВОРИ:

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...