fbpx

Петре Шилегов: Во вториот круг влегуваме изедначено

-

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес-конференција посочи дека вчера имало успешен демократски ден и празник на демократијата.

„Драги скопјанки и скопјани, вчера имавме успешен демократски ден и празник за демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам да се заблагодарам за поддршката на сите граѓани во првиот изборен круг, во вториот изборен круг влегуваме изедначено“, рече Шилегов.

Тој нагласи дека силно верува оти скопјани во вториот круг ќе излезат во многу поголем број и ќе му дадат поддршка.

„Верувам дека скопјани ќе излезат во втор круг во поголем број и ќе дадат поддршка за политиките кои го променија Скопје. Скопје стана единствен град. Ги повикувам граѓаните кои не излегоа на гласање да излезат во вториот круг и да гласаат. Верувам дека во вториот круг ќе издвојуваме голема победа“, рече тој.

За предноста на Арсовска, на новинарско прашање одговори дека и натаму трае пребројувањето на гласовите во општинските изборни комисии.

„Арсовска е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а по анализа на резултатите, таа го достигна истиот резултат како на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ. Јас се потпирам на гласовите на граѓаните“, заклучи Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...