fbpx
Таг: ПетреШилегов

таг: ПетреШилегов

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит – пазар ќе трае еден месец

Градот Скопје денеска ја започна реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков, на потегот од раскрсницата кај Судска палата до клучката Бит - пазар во Општина Чаир. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изврши увид во градежните работи на оваа делница. Тој појасни дека сообраќајницата ќе се реконструира во должина од 1.350 метри во двете насоки. Рокот за завршување на работите...

Шилегов: Работиме за наоѓање решение, наскоро ќе имаме влада

СДСМ е целосно посветен на наоѓање брзо и ефикасно решение за формирање нова влада на Република Македонија, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање дали наскоро може да се очекува договор за парламентарно мнозинство. Во однос на изјавата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, дека без договор за влада - нема потписи, Шилегов рече дека сите...

Шилегов: Владата поништи 448 решенија донесени од министерот Спасовски

„Владата донела одлука со која се поништуваат сите 448 решенија што ги донел министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во формулација, која е надвор од законот, се вели „се забранува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да носи какви било решенија од правна, финансиска и кадрова природа без притоа потписник да биде и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков“, изјави...

Шилегов: Како ВМРО-ДПМНЕ успеа да стекне имот вреден повеќе од 11 милиони евра?

„ВМРО-ДПМНЕ призна дека има купено огромен партиски имот низ цела Македонија. Станува збор за 63 објекти, на различни локации, со вкупна квадратура од близу 12.000 квадратни метри, во најголем дел купени во 2014 година. Овој имот на партијата на власт вреди повеќе од 11 милиони евра. Тоа се 685 милиони денари за партиски простории на ВМРО-ДПМНЕ“, обвини денеска на прес-конференција...

Шилегов: Многу се исплашени од прислушуваните разговори

Коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, по сè изгледа, се многу исплашени од прислушуваните разговори штом со закон бараат да се забрани нивното објавување и реобјавување, изјави на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. Како што посочи Шилегов, денешното поднесување на предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ е признание за автентичноста на прислушуваните разговори. Според Шилегов, ова е обид на ВМРО-ДПМНЕ и...

Шилегов: Премиере, ако не сте сопственик на плацот на Водно, што криете?

Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, на денешната седница во Собранието, посветена на пратенички прашања, директно го праша премиерот Никола Груевски дали е тој сопственик на плацеви на Водно. Шилегов рече дека неговата партија, по доаѓањето на власт, ќе направи законски измени со кои, сите офшор-компании ќе бидат обврзани да ги кажат имињата на вистинските сопственици и, во спротивно, секој имот...

Шилегов: Нема бегање од изборот на специјален јавен обвинител

Мое лично, непартиско мислење е дека треба да се врати стариот изглед на објектот на зградата, изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ планира да го врати стариот изглед на Владата на Македонија. Шилегов рече и дека нема да се избега од изборот на специјален јавен обвинител. - Бегање од изборот на специјален јавен обвинител нема,...

Заев нема да се појави на суд и следниот понеделник

Лидерот за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, нема да се појави во Скопскиот кривичен суд ни следниот понеделник, на 7 септември,  за кога е закажан почетокот на судскиот процес за случајот „Пуч“, изјави за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Нема ретирирање од ставот кој е соопштен претходно - соопшти кратко Шилегов. Лидерот на опозицијата уште на почетокот на јули, кратко по...

Антикорупциска откри судир на интереси кај Шилегов

Петре Шилегов, портпарол на опозицискиот СДСМ, добил известување од Комисијата за спречување на корупцијата дека не може истовремено да биде пратеник и управител на неговото адвокатско друштво, бидејќи постои судир на интереси. Шилегов на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што и ја објавил фотографијата од документот што го добил од Антикорупциската комисија, напиша: „Антикорупциска... Решава еден од најголемите корупциски скандали...

Му договорија ли партиските лидери наследник на Марко Зврлевски?

Во иста недела, додека се очекува договор за решaвање на политичката криза, обвинението за случајот „Пуч“ влезе во судска процедура, а за она за „Поткуп“ веќе се чека оцена. Тоа може да се толкува како „политички мотивирано“ брзање овие предмети од обвинителскиот да се стават во судскиот барабан, бидејќи, со евентуланиот договор меѓу политичките лидери за излез од политичката криза, можно...

Шилегов: Груевски го прекрши договорот од 2 јуни

Кукавички е обидот на Груевски да ги пополнува собраниските комисии за надзор над УБК, Агенцијата за разузнавање и мерките за следење на комуникациите, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Според него, не може политичката гарнитура што овозможи Сашо Мијалков ниту еднаш во девет години да се појави на отчет за работата, што овозможи во УБК  да нема...

Шилегов: Зградата на ВМРО-ДПМНЕ е споменик на криминалите на Груевски

„Оваа зграда, тврдина, како што ја нарече Груевски вчера, е споменик над спомениците на криминалите и на криминалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Додека Македонија тоне во сиромаштија, додека 180.000 луѓе живеат со 40 денари на ден, за оваа грамада од камен, замислениот султан Груевски, според достапните пресметки, употребил меѓу 15 и 30 милиони евра“, велат од СДСМ. - Корисната површина за...

Апелацискиот суд ја укина пресудата за тужбата на Јанкулоска против Шилегов

Апелацискиот суд Скопје ја укинал пресудата со која портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, требаше да ѝ плати на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, отштета од еден милион денари за нанесена клевета, пренесува „Нова ТВ“. Јанкулоска го тужеше Шилегов откако тој на прес-конференција изнесе податоци за непропорционално зголемен имот на поранешната министрека додека била на власт, а Основниот суд...

Шилегов: Најавите на Груевски се само за внатрепартиска употреба

Најавите на премиерот Никола Груевски за освежување на неговиот владин тим, соопштени на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, што изминативе два дена се оддржа во Куманово, според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, се потези кои „не се однесуваат на политичката криза“, туку му служат на Груевски „само за внатрешна употреба“. - Тоа што Никола Груевски го соопшти на нивниот т.н. Конгрес е...

Јанакиески го тужи Шилегов за нарушување на честа и на угледот

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поднел тужба против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, поради тврдењата што Шилегов ги изнел на прес-конференција во врска со продажба на плацеви кај „Авто Македонија“. Ова за „Мета“ го потврди Шилегов, но не сакаше да коментира ништо за тужабата на Јанакиески. Министерот за транспорт и врски го тужи Шилегов за нарушување на честа и на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фаќа во сопствените лаги

Зоран Заев и СДСМ со секој нов ден продолжуваат со одработување во полза на странските центри преку објавување креирани материјали со кои нанесуваат директна штета на државните интереси и на граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов. „СДСМ е целосно посветена на ова сценарио бидејќи сметаат дека само така може да дојдат на...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од откривањето на нивниот криминал

Обелоденувањето на криминалите во врвот на власта многу ја вознемири ВМРО-ДПМНЕ. Затоа нагазија во медиумите под нивна контрола со конструкции и со манипулации за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, реагираат од опозицијата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. - Во име на вистината и на правото на граѓаните да бидат реално и објективно информирани, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, уште еднаш јавно...

СДСМ: Ставрески го дал милионскиот бизнис на фирмата во куќата на Јанакиески

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вчера не само што го призна скандалот со странската фирма во неговата куќа, добитник на милионски бизнис од Владата, туку и го прошири скандалот во размери што ја тресат пошироко Владата на Никола Груевски, соопшти денеска на прес-конеференција Петре Шилегов од СДСМ. - Објавивме, и Јанакиески потврди, дека од сите можни локации и...

Шилегов: Седиштето на германската фирма „Лудвиг Фајфер“ е во куќата на Јанакиески

Седиштето на германската фирма „Лудвиг Фајфер“, која го доби тендерот за изградба на канализациска мрежа во Прилеп, е во куќата на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, соопшти денеска Петре Шилегов од СДСМ, притоа обелоденувајќи документи за компанијата. - Тоа е токму таа фирма што е избрана да ја гради канализациската мрежа во Прилеп, во рамки на милионскиот проект...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...