fbpx

Шилегов е задоволен од својот актуелен рејтинг, ВМРО-ДПМНЕ го „мери“ својот кандидат за изборите

-

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е задоволен од својот актуелен рејтинг меѓу граѓаните на главниот град во пресрет на одржувањето на локалните избори есенва. Тој денеска ја коментираше анкетата спроведена од Меѓународниот републикански институт – ИРИ, велејќи дека 31 отсто од граѓаните се задоволни од него и тоа е многу во политиката.

Во одговор на новинарско прашање, Шилегов рече дека нема намера да се занимава со тоа кој би можел да биде негов противкандидат на престојните локални избори од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таа политичка партија не гледа дека нуди или креира градски политики. Тој дополни дека скопскиот градоначалник има рејтинг од 31 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје имала доверба од 16 отсто од граѓаните.

Инаку, од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не откриваат кој би бил нивниот кандидат за градоначалник на Градот Скопје. Од ВМРО-ДПМНЕ откриваат дека прават и внатрешна и надворешна анкета, кои се во тек и се испитува човечкиот капацитет на секој од кандидатите, не откривајќи дали ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе го кандидираат Коце Трајановски за скопски градоначалник.

Минатонеделната анкета на ИРИ покажа дека доколку локалните избори се одржат денес, 21 отсто од граѓаните на Град Скопје би гласале за кандидатот на СДСМ, додека 16 отсто би го поддржале кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Според ова анкетно истражување, ДУИ би освоила 8 отсто од гласовите на скопјани, ДПА 7 отсто, Левица 4 отсто, додека Алијансата на Албанците би освоила само 2 отсто од гласовите.

Маргината на грешка во анкетата на ИРИ е 3,6 отсто, а анкетното истражување е спроведено на примерок од 744 лица од Градот Скопје. Според оваа анкета, на прашањето „Колку сте задоволни или незадоволни од досегашното работење на скопскиот градоначалник“, 4 отсто од граѓаните одговориле дека се „многу задоволни“, 19 отсто се „донекаде задоволни“, 30 отсто се „донекаде незадоволни“, 39 отсто се „многу незадоволни“ и 8 отсто одговориле „не знам“ или одбиле да одговорат. Полошо мислење од она за градоначалникот, граѓаните на анкетата на ИРИ имале за актуелниот Совет на град Скопје, при што само 2 отсто се целосно задоволни и 13 отосто се донекаде задоволни од досегашното работење на градските советници.

Ова национално репрезентативно истражување беше спроведено во име на Центарот за истражување на ИРИ од страна на „Брима“ – компанија за истражување на пазарот, помеѓу 4 март и 6 април 2021 година. Податоците биле собрани со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.  Националниот примерок се состоел од 1.222 испитаници на возраст од 18 години и повеќе, и бил дополнет со 1.285 интервјуа за примероците во одредени општини. Податоците биле пондерирани според возраста, полот, регионот и етничката припадност. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...