fbpx

Скопските градоначалници заедно ќе делуваат против нередот и загадувањето

-

Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на сите 10 скопски општини денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата.

„Од денеска, инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари од Град Скопје, заедно со инспекторите и редарите од сите скопски општини од денеска се еден заеднички тим. Тимот го формираме заради заштита на животната средина и природата, за преземање мерки за заштита и спречување на загадувањето на водата, воздухот, земјиштето, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење утврдени во Законот за локална самоуправа. Целта е воспоставување ефикасна и независна инспекциска служба, целосно елиминирање на просторот за злоупотреби, со повеќе казни за оние што не го почитуваат законот и повеќе едукација за граѓаните во превентивна насока“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција..

Шилегов додаде дека во овој дел се најавува бескомпромисна борба со сите фактори кои претставуваат закана за средината во која живееме, природниот амбиент, воздухот, водата и почвата кои мора да бидат заштитени заради заштита на здравјето на граѓаните.

„Нашите планови за во иднина се да најдеме начин да ја прошириме оваа соработка не само на регионално ниво, туку да формираме заеднички тимови и со државните инспекторати за делување во повеќе области. Политичка волја постои, како и ресурси, а постои и желба да живееме во чиста и здрава животна срдина. Убеден сум дека за една година ќе можеме повторно да се собереме со конкретни извештаи и со конкретни бројки кои ќе покажат дека сме биле во право кога сме верувале дека може да се делува заеднички и може да се успее“, нагласи Шилегов.
На прес-конференцијата присуствуваа градоначалниците на скопските општини Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Сарај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...