fbpx

Почна изградбата на новиот мост меѓу Карпош 4 и Бардовци

-

Изградбата на новиот висечки мост на улицата Љубљанска е во тек, информираат градските власти. Овој мост треба да го поврзе булеварот Илинден во Карпош 4 со улицата Скупи во Бардовци, ќе има четири коловозни ленти во двата правци, со пешачки и велосипедски патеки, ќе биде долг 113 метри, додека вкупната должина на сообраќајницата ќе биде 940 метри. Проектот во следната фаза треба да се продолжи со сообраќајница до булеварот Словенија, со што треба да се скрати патувањето за жителите од Ново Село, Волково и останатите населени места во овој дел на Скопје.

Увид во градежните работи на овој објект денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, вицепремиерите, Артан Груби и Фатмир Битиќи, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претставници на ТАВ.

Увид во изградбата на новиот мост на улица Љубљанска; Фото: Град Скопје

„Со овој мост карпошани ги поврзуваме со обиколницата, имајќи предвид каква инфраструктура гради Градот на потегот кај Момин поток. Овој мост немаше да го реализираме ако ја немавме несебичната помош и поддршка од Владата на Република Северна Македонија која со прераспределбата на средствата на ТАВ за изградба на карго аеродромот во Штип додели околу 380 милиони денари на Град Скопје за изведба на овој мост – прв висечки мост“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Тој најави дека изградбата на мостот ќе заврши за околу 18 месеци, на средината на 2023 година, кога ќе може да се користи овој мост.

„Наместо фасадни улици од гипс картон, Скопје го добива она што е првенствен интерес на граѓаните, како што е патна инфраструктура каква што му треба и каква што заслужува една современа метропола“, изјави премиерот Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...