четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: исполнето ветување | 14 резултати

Мета факт: Исполнето е ветувањето за постепена забрана на пластичните кеси

15 ноември 2022

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа на владата во периодот 2020-2024 година вети дека до 2024 година постепено ќе ја забрани употребата на пластични кеси во малопродажба во земјава. Ова владино ветување е исполнето. Имено, на 1 декември 2021 година стапи на сила одлуката за забрана за пуштање на пластични кеси на пазарот […]

Вистиномер: Жителите на селото Дрвош добија техничка вода од браната Чаушица

14 октомври 2021

„Мета“ ја пренесува проверката направена од „Вистиномер“ на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Босилово, Зоран Зимбаков: [Извор: Изборна програма на градоначалникот Зоран Зимбаков „Живот во Босилово за сите“ стр. 17; датум: октомври 2017] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Едно од ветувањата на градоначалникот на Општина Босилово, Зоран Зимбаков  во изборната кампања во 2017 година беше обезбедување на техничка вода за жителите на населеното место […]

Вистиномер: Крајот од мандатот – каква е судбината на 20-те најважни ветувања на Шилегов

10 октомври 2021

Во кампањата за локалните избори во 2017 година и на почетокот од градоначалничката функција Шилегов најави амбициозни проекти. Некои од ветените проекти се исполнети – главно изградба и реконструкција на сообраќајници, но дел се покажаа преоптимистички за изведување, а имаше и такви кои беа нереални од кои Шилегов се откажа, пишува „Вистиномер“ во анализата, од […]

Вистиномер: Изградена филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково

19 септември 2021

„Мета“ ја пренесува анализата на „Вистиномер“ во однос на ветувањето за изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково. [Извор: Предизборна дебата 2017- Општина Липково, датум: 29.09.2017]   OБРАЗЛОЖЕНИЕ: Во кампањата за локалните избори во 2017 година, поточно во текот на предизворната дебата на МРТВ 2,  граданачалникот на Општина Ликово, Еркан Арифи  вети дека […]

Вистиномер: Реконструирани улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“ во Охрид

28 август 2021

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески пролетта 2019 година во кампањата за предвремените избори во оваа општина, вети реконструкција и уредување на неколку клучни сообраќајници во Охрид, меѓу кои и улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“, пишува „Вистиномер“ во својата оценка за изборното ветување на сегашниот градоначалник. За прв пат после децении ќе биде уреден влезот […]

Вистиномер: Училиштето „Фаик Коница“ во Доброште доби нова спортска сала

5 август 2021

Ветување: Изградба на спортска сала во село Доброште. [Извор: Изборна програма на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за изградба на спортска сала во село Доброште, е исполнето, пишува Вистиномер.мк. Ова ветување на Асани е дел од проектот за изградба на […]

Вистиномер: Направена е реконструкција на источниот влез во Скопје

4 август 2021

Ветување: Проширување на „Александар Македонски“ [Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.19 – датум, октомври 2017 г. ]   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за проширување на булеварот „Александар Македонски“, дадено во предизборието за локалните избори во 2017 година, е исполнето, пишува Вистиномер.мк. Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма „Живот […]

Вистиномер: Основното училиште во Групчин доби енергетска фасада и соларни панели

3 август 2021

Ветување: Реновирање на основното училиште во село Групчин [Извор: Изборна програма на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу,  стр.3 – датум: октомври 2017 г. ] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во кампањата за локалните избори, меѓу другото, вети и реновирање на основното училиште во село Групчин. Ова ветувaње на Сејдиу, дадено во неговата изборна програма, во делот „Образование“ – во […]

Вистиномер: Булеварот „Никола Карев“ доби четири ленти од Бит-пазар до Момин Поток

1 август 2021

Ветување: Проширување на булеварот „Никола Карев“ [Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.19 – датум, октомври 2017 г. ]   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за локалните избори (октомври 2017г.), на кои како кандидат на СДСМ ја бараше довербата за градоначалничката функција во главниот град, вети проширување на  булеварот „Никола Карев “. Ова ветување на Шилегов, наведено во […]

Вистиномер: Комплетно реконструирана детската градинка во Вевчани

31 јули 2021

Ветување: Реконструкција и осовременување на детската градинка во Вевчани. „Во дворот на детската градинка ќе изградиме ново отворено игралиште со најмодерни реквизити. Детската градинка ќе ја реконструираме и опремиме со најмодерни соодветни помагала и играчки, а со цел подобрување на воспитната и образовната компонента во наставата“. [Извор: Изборна програма на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски […]

Страна 1 од 1