fbpx

Казна од 88.000 евра за нелегално фрлање отпад во Вардариште

-

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88.000 евра за фрлање на отпад во Вардариште, соопштија од Град Скопје.

Според извештајот на инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица, кои не се именувани во соопштението, нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад.

Градските власти порачаа и дека секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно, како и дека нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани.

„Секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано“ наведоа од Град Скопје.

Инаку, скопската градоначалничка Данела Арсовска најави дека до 31 јануари 2022 година ќе бидат исчистени сите диви депонии кои ги детектирале службите на Градот Скопје. Таа најави дека покрај чистењето на дивите депонии, инспекциските служби на Градот Скопје ќе работат засилено за контрола и казнување на сите оние што ќе фрлаат отпад на јавни површини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...