fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

УКИМ на 18 и 19 август ќе организира „Отворен ден“

Филозофски факултет
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18 и 19 август организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата „мајкрософт тимс“. Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. „Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните...

Македонски филмови, „Љубојна“ и „Слаткаристика“ овој викенд на „Преспаленд”

На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд", деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди. Во сабота, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов" на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган" на Вардан Тозија со почеток во 22 часот. На ден Илинден, на 2-ри август, со почеток...

Граѓаните при прошетка во заштитени подрачја треба да внимаваат да не ја нарушат природата

Дури шест закони опишуваат што сѐ е забрането во природата, меѓу кои е и Кривичниот законик. Законот за заштита на природата, пак, се однесува конкретно на заштитени подрачја. При тоа се идентификуваат преку 35 активности кои се забранети - од дивоградби, нелегално депонирање на отпад, па до криволов и нелегална сеча, потсетува „Натура МК“. Државниот инспекторат за животна средина е...

Дејан Георгиевски со сребрен медал во теквондо на Олимписките игри во Токио

Дејан Георгиевски освои сребрен медал во теквондо во категоријата до 80 килограми на Олимписките игри во Токио, што претставува прв олимписки медал за Македонија по 21 година. Тој во финалето изгуби со 15:9 од Русинот Владислав Ларин. Георгиевски денеска ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба и репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, како и...

УНЕСКО не го прогласи Охридскиот Регион за загрозено подрачје

Комисијата за светско наследство на УНЕСКО, денеска, на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ е незадоволна од ваквата одлука. Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план...

Уметниците сликаа на еден од двата ѕида во Скопје посветени на графитите

  Тимот на „Скопје 2028 - Кандидат за Европска престолнина на културата“, кој е иницијатор на идејата за назначување на легални ѕидови во Скопје, организираше акција за цртање графити на легалниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов на тема „Солидарност”. Во акцијата учествуваат седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешкец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже...

Османи ги промовираше електричните тротинети за МНР: Зелена дипломатија-новото нормално

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР), како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. „Со овој симболчен гест, МНР работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се одвива во неколку етапи. Нашата...

Скопје ја доби и втората тартан патека во Градскиот парк

По позитивното искуство од првата патека, граѓаните на Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот, информираат од Град Скопје. Оваа патека е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти. - Новата патека е...

„Доза среќа“ со златен медал и специјална награда на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инжерество

Македонскиот тим од Здружението Дневен центар „Доза среќа“ на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) на крајот од јуни освоија златна медала и специјална награда за нивниот проект „Influence of active components of solutions of herbal plants from certain ecological sites and their application in the treatment of certain infectious diseases“, којшто добри одлични оценки од...

Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Претседателот Стево Пендаровски им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“ што се одржа под негово покровителство,  со цел надградување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе од нашата земја и од дијаспората. Низ наставна програма реализирана од предавачи на СТЕМ, учесниците на возраст од 11-15 години имаа можност да ги развиваат нивните вештини за кодирање и роботика,...

Летно кино на отворено со проекција на филмот „Пинокио“, по повод 95 години Зоолошка градина-Скопје

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошката градина во Скопје. Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот, кино на отворено, ќе се одржи во недела, 25 јули, со почеток во 20:30. „Проекцијата на филмот...

Поднесени 11 предлог проекти за основање лаборатории за производство преку „FAB LABS-Младите создаваат“

Вкупно 11 проектни апликации беа доставени на јавниот повик „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој. Од пријавените, осум предлог проекти се поднесени од високообразовни установи. Девет од предложените лаборатории за производство се во Скопје, додека другите две е планирано да бидат лоцирани во други градови. „Реализацијата...

Одлична можност за студентите од земјава, секоја година сè повеќе заинтересирани за Еразмус+

Еразмус+ е програма на ЕУ за поддршка на образованието, обука, млади и спорт во Европа. Дел од оваа програма се и универзитетите од земјава. Според нив, секоја година сé повеќе расте интересот на студентите за учество во оваа програма. Истото го потврдува и Националната агенција за европски студиски програми и мобилност, пишува Порталб.мк. Програмата Еразмус+ им овозможува на студентите, запишани...

Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита до неговото прогласување за парк на природата

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за привремена заштита на Студенчишко Блато (Стр. 34-35). Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе...

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

Европската комисија (ЕК) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) ги здружија силите за поддршка на институциите одговорни за политиката за вработување на младите во земјите од Западен Балкан во воведувањето на Гаранцијата за млади (ГМ). Европската тренинг фондација (ЕТФ), исто така, е партнер во реализацијата на активностите. „Инспирирана од слични шеми од земјите членки на ЕУ, Гаранцијата за млади претставува...

Започна вакцинацијата на младите од 12 до 17 години во земјава, интересот е многу мал

Многу мал интерес кај младата популација за имунизација против ковид-19 на првиот ден од нивната вакцинација. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 1.800 млади лица на возраст од 12 до 17 години. Слабиот одзив на младите резултираше со тоа на вакциналните пунктови денеска да нема никаква гужва, иако здравствените власти во неколку наврати досега апелираа и младите лица на...

Мешани патроли од родители и полицајци ги посетија местата каде што излегуваат младите во Охрид и Струга

Во периодот  од 16 до 18 јули од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и на Струга, спроведе превентивна кампања „Соседска патрола“, информираат од СВР Охрид. „Мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа во Охрид, извршија превентивна обиколка...

ФЕИТ во процес на меѓународна акредитација на своите студиски програми

Тим од експерти и професори од германската агенција за акредитација по инженерство, компјутерски науки, природни науки и математика ASIIN вршат акредитација на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). При дводневната посета, експертите ќе ги акредитираат трите програмите од областа електро-енергетика и четирите студиски програми од областа компјутерско инженерство. При посетата, тимот експерти ќе направи средби со...

„Супер Марио 64“ стана најскапата игра на светот

Супер Марио 64
Запечатена копија на видео-играта „Супер Марио 64“ е продадена на аукција за над 1,5 милиони американски долари, рушејќи ги сите досегашни рекорди, пишува „Би-би-си“. Оваа игра од 1996 година наменета за конзолата „Нинтендо 64“ е првата видео-игра која е продадена за повеќе од еден милион долари. Касетата со играта „Супер Марио“ била оценета со рејтинг 9,8 А++, што значи дека била...

МОН: Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение

Ѓорги Божиков е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение, информираат од Министерство за образование. Од таму додаваат дека изработката е во завршна фаза и во текот на летниот период истите ќе бидат претставени на...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...