Македонски филмови, „Љубојна“ и „Слаткаристика“ овој викенд на „Преспаленд”

Фото: Фестивал „Преспаленд“

На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд”, деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.

Во сабота, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган” на Вардан Тозија со почеток во 22 часот.

На ден Илинден, на 2-ри август, со почеток од 20 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе има еден од најдобрите македонски етно состави – „Љубојна“, а по нив следува акустичен концерт на „Слаткаристка“.