„Доза среќа“ со златен медал и специјална награда на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инжерество

Извор на фотографија: Град Скопје

Македонскиот тим од Здружението Дневен центар „Доза среќа“ на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) на крајот од јуни освоија златна медала и специјална награда за нивниот проект „Influence of active components of solutions of herbal plants from certain ecological sites and their application in the treatment of certain infectious diseases“, којшто добри одлични оценки од жири комисијата. По тој повод, овие млади таленти и иноватори. кои се натпреваруваа со 288 тима од 21 земја во Индонезија, вчера се сретнаа со скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Градот Скопје им додели плакети на натпреварувачите Илина Георгиева, Бисера Георгиева, Анамарија Јордановска, Лина Петровска, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски и Коста Аризанов, како и менторите Сузана Стојановска и Драган Јованов од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов Синдром Дневен центар Доза Среќа – Скопје. Градоначалникот им го честиташе успехот на натпреварувачите.

Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) е меѓународно натпреварување на знаење кое е базирани на приодот STEM (Наука, техологија, инжинерство, математика) кој е организиран од Асоцијата на млади научници од Индонезија (the Indonesian Young Scientists Association) и Универзитетот за науки од Индонезија (Sekolah Ilmu Lingkungan Universitas Indonesia).