Летно кино на отворено со проекција на филмот „Пинокио“, по повод 95 години Зоолошка градина-Скопје

Фото: ЗОО Скопје

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошката градина во Скопје.

Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот, кино на отворено, ќе се одржи во недела, 25 јули, со почеток во 20:30.

„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите“, соопштуваат организаторите.

Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за Оскар, е од жанрот фамилијарен/фантазија. Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.