петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Галичица | 46 резултати

Двајца загинати при излетување на патничко возило во провалија на Галичица

јуни 18, 2024

Вчера околу 13 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица, информира охридската полиција. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за […]

Ќе се заштитуваат ендемски растенија и ќе се наплатува влез – националните паркови со проекти за буџетски пари

март 15, 2024

Сите четири национални паркови во земјава „Пелистер“, „Маврово“, „Галичица“ и „Шар Планина“, поднеле проекти до Министерството за животна средина кои треба да се финансираат од државниот буџет. Министерството годинава одлучи за првпат да додели државна помош на овие институции и со тоа директно да учествува во заштитата на природата. Предвидени се 20 милиони денари, а […]

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа

јануари 18, 2024

Неколку лица утрово заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заглавените побарале помош на бројот 112, по што акцијата на ЦУК траела три часа – од 5 до 8 утрово. Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила. „Веднаш се известени […]

Костадиновска – Стојчевска: Сo софтвер ќе „ловат“ дивоградби на охридското крајбрежје

јануари 15, 2024

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска – Стојчевска. Таа кажа дека до Националната комисија за УНЕСКО имало доставено неколку предмети, но и покрај притисоците […]

Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снег на Галичица

март 4, 2023

Четворица граѓани на Косово во текот на вчерашниот ден заглавиле во снег во националниот парк Галичица. Случајот во СВР Битола бил пријавен вчеравечер околу 19 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Педесет минути откако било пријавено, полициски службеници, пожарникари и екипи на стражарската служба Галичица ги пронашле лицата и ги извлекле од снегот, по […]

Бернската конвенција отвори случај за закани врз Охридското Езеро и Галичица

декември 3, 2021

Бернската конвенција отвори случај против Владата на Северна Македонија за заканите врз Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица. Жалбата е поднесена уште од 2016 година од страна на граѓанска организација „Фронт 21/42“, а по последните алармантни случувања поврзани со дивоградбите и урбанизацијата во заштитеното подрачје, Конвенцијата одлучи да отвори случај против државата. Граѓанските активисти се […]

Почна реконструкцијата на патот Ресен – Охрид преку националниот парк „Галичица“

јули 25, 2021

„Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот. Со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк […]

Граѓаните да не го користат превојот Галичица на патот Трпејца-Отешево, неколку возила заглавија во снегот

март 29, 2021

Планинскиот превој на Галичица на регионалниот пат Р504 меѓу Трпејца и Галичица да не се користи за сообраќај, апелираат до граѓаните од Планинската спасителна служба во Охридскиот регион, кои изминатиов период имаа интервенции за одглавување на возила на патот. Тие велат дека граѓаните треба строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација и […]

Балканскиот рис се врати на Галичица

октомври 19, 2020

Рисот се врати во Националниот парк „Галичица“. По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во „Галичица“, објавија денеска од националниот парк. Досега, животното кое е на листите на згрозени видови се сретнуваше најчесто во Националниот парк „Маврово“, а во земјава се претпоставува дека има уште педесетина единки. Фотографиите од рисот […]

Од ЈУНП „Галичица“ потсетуваат на условите под кои може да се посети паркот

август 24, 2020

Поради зголемената посетеност на Охрид и регионот од страна на многубројни домашни и многу ретки странски туристи, и нивните реакции за наплатата за влез во Националниот парк Галичица, од Јавната установа Национален парк „Галичица“ излегоа со појаснување за начинот на наплата на влезниците, нивната висина, начинот на користење на овие генерирани средства и фактичката вистина. […]

Димковски: Забраната за движење низ шумите е делумна, изземени се Водно, Гази Баба и НП Маврово, Пелистер и Галичица

април 18, 2020

Парк шумата Водно и шумата на Гази Баба се изземени од делумната забрана за движење низ шумите, која беше донесена минатата недела, бидејќи со нив не стопанисува ЈП Национални Шуми. Таму движењето е слободно имајќи ги секако предвид рестриктивните мерки на Владата против пандемијата, рече на денешната прес-конференција Трајан Димковски, министер за земјоделие, шумарство и […]

За Велигден забрането шетање и возење низ Галичица и викенд населбите во Охрид

април 14, 2020

Стапи на сила забраната за шетање, возење велосипеди и моторцикли, четвороколки како и движење на излетничките места на територија на Националниот парк “Галичица” за сите граѓани како мерка за спречување на ширење на епидемијта на корона вирусот. Националниот парк „Галичица“ постапувајќи во врска со заклучоците од 14. седница на владата од 13. април за спречување […]

Во Охрид обука на водичи за управување со ризиците во авантуристички тури

ноември 28, 2019

Спасителната служба на планина од Охрид периодов врши обуки за туристички водичи за управување со ризиците во авантуристичките тури. Овој тип на обуки преставува освежување на знаењата од прва помош и презентација на основните техники за безбедна евакуација на повредени лица на тешко пристапни места. Водичите се членови на здружението „Експлор“ од Охрид, кое ги […]

Патниот правец кој води низ Галичица и оваа зима останува затворен за сообраќај

ноември 21, 2019

Есенва, како и децении наназад, „Македонија пат“ стави забрана до 1 април за користење на патниот правец кој води преку Галичица од ресенското село Царина до Трпејца. Наместо државата сите овие изминати години да направи напор и да го санира, таа повторно става забрана за негово користење, и покрај тоа што Охрид е се поинтересна […]

Извлечени украинските параглајдеристи што паднаа на Галичица

јули 10, 2019

Спасители од Планинската спасителна служба при Црвен Крст – Охрид, припадници на Единицата за специјални задачи и хеликоптер на МВР учествуваа во акцијата за извлекување на двајцата украински параглајдеристи кои вчера попладне паднаа на падините на Галичица од албанска страна. Притоа 30-годишната жена се здобила со посериозни повреди, а 41-годишниот маж поминал со полесни телесни […]

На сила стапува забрана за палење на оган на Галичица

јуни 17, 2019

Од Националниот парк „Галичица“ информираат дека на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. „Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани, но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека […]

По препораките на УНЕСКО, владата ќе бара алтернативна рута за железницата и попис на дивоградбите во Охридско

јуни 12, 2019

Владата на 139. седница ја усвои информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО и одлучи да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион. „Притоа Владата го задолжи вицепремиерот задолжен за економски прашања, во соработка со Канцеларијата […]

Успешна акција за спасување на странски туристи на Галичица

мај 27, 2019

Планинската спасителна служба (ПСС), преку СВР-Охрид на 26 мај добиле дојава дека на територијата на Националниот парк „Галичица“ биле изгубени две лица, странски државјани. Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармирал волонтерите, стапиле во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одредиле нивната локација, на 1,5 километри југоисточно […]

Наскоро репродуктивен центар за елени и арборетум во националниот парк „Галичица“

април 4, 2019

Почнати се почетните активности за изградба на репродуктивен центар на елени (на простор од 102 хектари) и арборетум (на простор од 2 хектари), и веќе е изработена Студија за активно управување со високо-планински пасишта и објавен тендер за изградба на арборетум. Тоа беше соопштено на состанокот во седиштето на Националниот парк „Галичица“, на кој учествуваа […]

Изјавата на Заев за хотелот во Лагадин ги револтира охридските екологисти

февруари 5, 2019

Изјавите на премиерот Зоран Заев на трибината во Охрид во саботата во врска со градењето на хотелски објект во населбата Лагадин, предизивикаа остра реакција на граѓанската иницијатива Охрид СОС од каде бараат, незаконскиот чир од градба итно да добие решение за отстранување , а Општината веднаш да пристапи кон спроведување“. Екологистите предупредуваат дека не смее […]

Страна 1 од 3