fbpx

Извлечени украинските параглајдеристи што паднаа на Галичица

-

Спасители од Планинската спасителна служба при Црвен Крст – Охрид, припадници на Единицата за специјални задачи и хеликоптер на МВР учествуваа во акцијата за извлекување на двајцата украински параглајдеристи кои вчера попладне паднаа на падините на Галичица од албанска страна.

Притоа 30-годишната жена се здобила со посериозни повреди, а 41-годишниот маж поминал со полесни телесни повреди. И двајцата биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“.

Антонио Додевски, раководител во Планинската спасителна служба при Црвен Крст – Охрид, алпинист и инструктор за водичи во планина објаснува дека акцијата била особено тешка и поради конфигурацијата на теренот, но и поради билатерални пречки.

-Вчера дополнително беше комплициран случај, бидејќи беше во високите зони на планината, каде што најблиску со теренско возило можеше да се стигне на пет часа пешачење до местото. Поради тоа беше потребна интервенција од хеликоптер. За среќа успеавме да го обезбедиме хеликоптерот од МВР, а исто ни одзеде многу време обезбедувањето дозвола од албанска страна за наш воздухоплов да влезе во нивниот воздушен простор. Меѓутоа за среќа, за околу пет часа повредената параглајдеристка беше транспотирана до соодветна здравствена установа – изјави Додевски.

Центарот за спасување на планина, кој од денеска и официјално почна да функционира во новите простории, ќе работи на спасување на двете страни од границата. Во претстојниот период, до крајот на спроведувањето на „Охридскиот регион – безбедна дестинација за алтернативен туризам“ ќе бидат отпочнати процеси со двете министерства за внатрешни работи и царински управи на Македонија и Албанија за полесно и побрзо интервенирање во прекуграничниот регион, вели Додевски, кој е проект менаџер.

„Денеска, после отворањето на центарот, имаме панел-дискусија во која учествуваат сите државни институции инволвирани во спасувањето и претставник од Меѓународната комисија за алпско спасување, кој ќе ги презентира и пренесе меѓународните стандарди на сите институции во државата и тука ќе ја отпочнеме дискусијата и координацијата како ќе се одвиваат работите во следниот период. Најверојатно ќе формираме и едно координативно тело, кое ќе има за цел поедноставување на процедурите, за да можеме полесно да интервенираме на албанска територија доколку тоа е потребно – објаснува Додевски.

Главното јадро на спасувачката екипа го сочинуваат 15 алпинисти. Во процес на обука се 30 волонтери во логистички тим. Центарот располага со најсовремена опрема на Балканот но засега само за интервенции во летни услови.

-Она што можам официјално да го најавам , пред неколку дена ни стигна известување дека и вториот проект со кој што аплициравме веќе ни е одобрен од ЕУ. Со тој проект ќе се екипираме и со зимска опрема и специјализирани возила за интервенции во зимски услови. Така во следниов тригодишен период ќе имаме комплетно опремен центар којшто ќе одговори на сите предизвици во регионов – објаснува раководителот во Службата за спасување во планина.

Инаку, спасувањето на двајцата украински параглајдеристи е шеста по ред интервенција на спасителната служба за месец и половина. Од почетокот на јуни годинава спасителите извршиле евакуација на починато лице на планински терен и интервенирале при 4 залутувања во планина. Само за споредба, вкупно шест интервенции имало за време на целата измината година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...